Дечко ослабел 80kg, ја отстранил вишокот кожа и лузните ги покрил со тетоважи - Сега е Инстаграм сензација
Дечкото кој некогаш тежел 150 килограми, ја преполовил својата тежина, направил операции за отстранување на вишокот кожа, „вложил“ 30.000 долари за целосно тетовирање и сега е Инстаграм ѕвезда со над 1 милион следбеници.
Кевин Крикмен е 32-годишен модел, актер, музичар и блогер од Лос Анџелес, кој се борел со години да си го прифати своето тело.
Како тинејџер имал 150 килограми кои биле последица на генетска склоност кон дебелеење заедно со неговата љубов кон нездрана исхрана.
Кога наполнил 18 години решил дека му е доста од жалење и го започнал своето патешествие.
Цела година бил на исхрана која му ограничувала внес од само 1.500 калории дневно. Покрај тоа, редовно вежбал.
Откако успеал да изгуби цели 80 килограми, останал проблемот со вишокот кожа.
Во 2014-та година следувал новиот чекор во неговата трансформација – отстранување на вишокот кожа со операции.
По лузните кои му останале по целото торзо, следел последниот чекор – вложување на 30.000 долари во целосно покривање на телото со тетоважи, за да ги прикрие лузните.
Поминал точно 250 часа под иглата во студиото за тетовирање.
Денес Кевин е Инстаграм сензација со над 1 милион следбеници и драстично променета самодоверба:
М. Д. | Црнобело