Луѓе откриваат зошто нагло се здебелиле – и не е само поради лоша исхрана

„Кога ми се појавија проблемите со тироидната жлезда, се здебелив 13 килограми за само 30 дена“.

lugje-otkrivaat-zoshto-naglo-se-zdebelile-i-ne-e-samo-poradi-losha-ishrana-01.jpg

Точно е дека лошата исхрана со многу масти и „празни“ калории ќе доведе до дебелеење.

Но, лошите навики за јадење некогаш потекнуваат и од некој друг проблем.

Доста често причината за дебелеење се неколку фактори и во ваквите ситуации можно е промената во исхраната да не биде доволна за ослободување од вишокот килограми.

На Редит, неколку корисници споделуваат зошто нагло се здебелиле:

„Кога ми се појавија проблемите со тироидната жлезда, се здебелив 13 килограми за само 30 дена“.

„Менопауза. Качив 12 килограми за помалку од шест месеци.

Не направив промени во исхраната или физичката активност, а не можев да ослабам кога го намалив бројот на калории (1.200 дневно) и почнав да вежбам поинтензивно“.

lugje-otkrivaat-zoshto-naglo-se-zdebelile-i-ne-e-samo-poradi-losha-ishrana-02.JPG

„Мајка ми имаше сообраќајка, не по нејзина вина. Морав да се откажам од мојот живот за да се грижам за неа.

Добив депресија бидејќи работев само од дома, а и се грижев за мајка ми – ја бањав, ѝ готвев, ја носев на прегледи, покривав трошоци…

Чувствата ми се измешани, секако дека се грижев за неа, но не можев да направам ништо друго. Почина три години по несреќата. Се здебелив поради стресот од целата ситуација“.

„Си купив автомобил. Претходно пешачев и користев велосипед и не сум имал проблеми со тежината. Но, откако се навикнав на автомобил, тешко ми е да се откажам од него“.

lugje-otkrivaat-zoshto-naglo-se-zdebelile-i-ne-e-samo-poradi-losha-ishrana-03.JPG

„Почнав да работам ноќна смена. Немав од каде да купувам поздрави оброци, а и намалив со физичката активност“.

„Бременост и доење. Многу луѓе ми кажуваа дека ќе ослабам во текот на доењето, но ова не беше точно. Поради доењето јадев повеќе, а и не спиев доволно, па се здебелив“.

„Почнав врска со маж кој е одличен готвач“.

lugje-otkrivaat-zoshto-naglo-se-zdebelile-i-ne-e-samo-poradi-losha-ishrana-4.JPG

„Го изгубив видот. Не беше лесно што ја изгубив независноста и се претворив во личност која бара утеха во храна“.

„Добив отказ од работа, а поради тоа и депресија. За две години качив можеби 30 килограми, не можев да се препознаам.

Но, оттогаш си го променив животот и успеав да ослабам 17 килограми“.

lugje-otkrivaat-zoshto-naglo-se-zdebelile-i-ne-e-samo-poradi-losha-ishrana-05.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg