Девојка по 7 години стресна работа си дала отказ - сега живее во комбе и патува низ САД
Хилари од САД се гушела работејќи работа која ѝ предизвикувала напади на анксиозност, па одлучила да го живее животот што го сонувала.
Хилари Брд (30) од САД работела 7 години на стресна работна позиција во маркетинг сектор и постојано чувствувала дека е неопходно да направи голема промена во нејзиниот животен стил.
Таа постојано имала напади на анксиозност, копнеела по слобода и по тоа да може да патува кога сака и каде сака.
Така, си дала отказ и купила старо комбе Ford E250 и го преуредила во својот дом од соништата на тркала.
„Знаев дека давањето отказ од работа ќе ме натера да најдам работа која ќе можам да ја извршувам онлајн од каде било, па така и направив. Сега имам 3 работи како фриленсер“, вели Хилари која живее патувајќи низ САД, а Ајдахо и Аризона се само дел од дестинациите што ги посетила.
Вели дека слободата сами да го правите својот распоред е нешто неверојатно и дека откако живее во комбе, нејзината анксиозност исчезнала.
Соло патувањата ѝ овозможиле да ја види поголемата слика во животот.
„Наидувате на многу проблеми кои не ги предвидувате, како што е можеби механички проблем со комбето, но токму надминувањето на тие ве прави посилна личност, а сето тоа е дел од патувањето“, вели Хилари.
Како изгледа нејзиниот живот во домот на тркала:
С. С. | Црнобело