Со кого делите убави вести?
Ви се случило нешто убаво: сте добиле унапредување, зголемување на платата или и едно и друго, сте излегле со супер дечко. Што и да се...
...случило, супер е и вие сте сречнио поради тоа. Толку сте среќни и толку нестрпливи што сакате да ги споделите феноменалните новости со некој кој во тој момент ви е најблизок- колешка од работа...
Весело и раскажувате а таа само ладно ќе климне со главата и ќе продолжи да си работи. Каков намќор! Се чувствувате како да ви истуриле студена вода во зима и одеднаш не сте така весели.
Немојте да дозволите вакви работи да ви се случуваат! Можете да и се налутите на колешката поради нејзината реакција, но кој знае на што мисли таа во тој момент? Можеби има проблеми со кои не сака никого да оптоварува и не и е баш до смеење и скокање од радост. Можно е да е само намќор, или пак ви завидува на среќата, или.... За што и да се работи, таа не е вистиската личност со која би требало да ги споделите убавите работи.
Најдобри личности за споделување на феноменални вести се оние што ви се драги и многу блиски. Покрај тоа што ќе им биде мило што баш ним сте решиле да им соопштите нешто убаво, можете да бидете сигурни дека искрено ќе се израдуваат на вашата среќа и дека со нив, во вистински смисол на зборот, можете да ја споделите радоста. Сигурно нема да се случи нешто што ќе ви ја замати среќата, напротив, само ќе се прошират и зголемат добрите вибрации.
Што да се прави со намќорите? И понатаму нека си останат такви, ако баш така сакаат. Покрај тоа, вашата радост е сепак приватна работа, интимна работа, па затоа не треба да се споделува со личности кои не ви се блиски. Ниту тие ќе разберат како се чувствувате вие (евентуално би можеле добронамерно да се насмевнат, затоа што е убаво кога луѓето се радуваат), ниту би ви пружиле убаво чувство како кога убавата вест би и ја кажале на вам блиска и драга личност.
Со кого ги споделувате вие убавите вести?