Ги откопуваат мртвите за да ги избањаат и да им ја сменат облеката – Бизарна церемонија на народ во Индонезија

Секој август, луѓето од народ во Индонезија ги откопуваат телата на нивните починати, ги чистат и им ја менуваат облеката, па ги враќаат во гробот. Тие веруваат дека нивните души уште патуваат кон задгробниот живот, па затоа треба да се грижат за нив и по смртта. Содржината во продолжение може некому да биде вознемирувачка...

gi-otkopuvaat-mrtvite-za-da-gi-izbanjaat-i-da-im-ja-smenat-oblekata-bizarna-ceremonija-na-narod-vo-indonezija-01.jpg

Во Индонезија постои народ познат како Тораџа (анг. Toraja) кој има навистина несекојдневни обичаи и традиции.

А, една од најчудните е традицијата за нивните починати.

За нив, погребите се едни од најважните церемонии и колку побогата е личноста којашто починала, толку пораскошен и поскап е нејзиниот погреб.

Ако почине многу богата личност, погребот трае неколку дена и го посетуваат стотици луѓе.

gi-otkopuvaat-mrtvite-za-da-gi-izbanjaat-i-da-im-ja-smenat-oblekata-bizarna-ceremonija-na-narod-vo-indonezija-02.JPG

Доколку станува збор за личност од посиромашно семејство, за погребот чекаат и по неколку месеци, додека да се соберат пари за церемонијата.

На крај, ковчегот се положува во пештера или во камена гробница.

gi-otkopuvaat-mrtvite-za-da-gi-izbanjaat-i-da-im-ja-smenat-oblekata-bizarna-ceremonija-na-narod-vo-indonezija-08.JPG

Камената гробница се резбари во карпа, а овој процес може да потрае и неколку месеци.

Дотогаш, телото на починатиот се чува во градба позната како tongkonan.

gi-otkopuvaat-mrtvite-za-da-gi-izbanjaat-i-da-im-ja-smenat-oblekata-bizarna-ceremonija-na-narod-vo-indonezija-11.JPG

За починатите, тие имаат и церемонија позната како Ma’nene, која може да се преведе како „грижа за предците“.

Церемонијата се одржува во август, а тогаш луѓето ги откопуваат своите починати и, на некој начин, се грижат за нив.

Секоја почината личност се откопува еднаш на четири години.

gi-otkopuvaat-mrtvite-za-da-gi-izbanjaat-i-da-im-ja-smenat-oblekata-bizarna-ceremonija-na-narod-vo-indonezija-13.JPG

Додека трае церемонијата, семејството на починатата личност го чисти ковчегот. Истовремено, го чистат и трупот и му ја менуваат облеката.

А, го оставаат и извесен период на сонце бидејќи веруваат дека со тоа го забавуваат процесот на распаѓање.

gi-otkopuvaat-mrtvite-za-da-gi-izbanjaat-i-da-im-ja-smenat-oblekata-bizarna-ceremonija-na-narod-vo-indonezija-12.JPG

Луѓето од овој народ не ја гледаат смртта како еден конечен настан, туку веруваат дека е постепен процес во кој душата на починатиот се движи кон задгробниот живот.

И, токму поради ова, сметаат дека треба да се грижат за телата на починатите – бидејќи, нивната душа сè уште патува.

gi-otkopuvaat-mrtvite-za-da-gi-izbanjaat-i-da-im-ja-smenat-oblekata-bizarna-ceremonija-na-narod-vo-indonezija-06.JPG

Не е познато од каде точно потекнува церемниајта, но народот верува дека сè почнало со ловец кој живеел пред стотина години.

Според митот, тој нашол мртво тело во џунглата. И, бидејќи не сакал да го остави напуштено, за да му покаже почит, го облекол.

И, оттогаш го следела неизмерна среќа во текот на целиот живот.

gi-otkopuvaat-mrtvite-za-da-gi-izbanjaat-i-da-im-ja-smenat-oblekata-bizarna-ceremonija-na-narod-vo-indonezija-09.JPG

gi-otkopuvaat-mrtvite-za-da-gi-izbanjaat-i-da-im-ja-smenat-oblekata-bizarna-ceremonija-na-narod-vo-indonezija-10.JPG

gi-otkopuvaat-mrtvite-za-da-gi-izbanjaat-i-da-im-ja-smenat-oblekata-bizarna-ceremonija-na-narod-vo-indonezija-07.JPG

gi-otkopuvaat-mrtvite-za-da-gi-izbanjaat-i-da-im-ja-smenat-oblekata-bizarna-ceremonija-na-narod-vo-indonezija-03.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 знаци дека облеката е неквалитетна (и ќе се уништи по 2-3 носења) Џемпери кои имаат повеќе акрил отколку природни материјали и несиметрични џебови...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg