Жените можат сѐ, ако сакаат: „Јас сум и згодна девојка на плажа и посветен инженер на работа“

Од секси бикини издание до работно издание со униформа и шлем, од провокативна девојка на плажата до посветена инженерка - „Сакам да нагласам дека жените можат сѐ.“

zhena-protestira-so-fotografii-od-sebe-zhenite-mozhat-s-samo-ako-sakaat-01.jpg

Неодамна вирално почнаа да се споделува фотографија од Кендал Џенер во бикини и од Алиса Карсон во униформа, односно се прави споредба на модел и млад астронаут.

Коментарите одеа дотаму што тврдат дека многу жени се борат секој ден за да заземат историски машки доминантни позиции, а пак општеството ја наградува убавината, наместо вистинските вештини и интелект, односно естетиката на атрактивната Кендал, наместо посветеноста и вештините на Алиса.

Но, една девојка се огласи против ова во знак на револт и прикажа дека жена може да биде и убава и интелигентна и сѐ што ќе посака само ако има желба за тоа.

Кејтлин Саријан е жена која со спој на две фотографии од себе покажа дека жените можат сѐ.

Таа спои две фотографии од кои на едната е во црвено бикини, додека на другата во униформа на инженер на нејзиното работно место.

Нејзината моќна порака гласи:

„Сакам да нагласам дека жените можат сѐ. Ние сме НЕСОПИРЛИВИ. Ние можеме да бидеме инженери, доктори, научници, но и артисти, модели, поети, писатели. Секоја од нас е уникатна. Сите имаме различни страсти и цели во животот. Не слушајте ги тие стереотипи, бркајте ја својата страст и никогаш не се извинувајте за тоа што сте!“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg