Соборниот храм во Скопје и уште 9 најубави катедрали во светот

Без разлика за која религија станува збор, верските храмови се едни од најубавите градби што ги направил човекот, а овојпат ќе се фокусираме на христијанските.

soborniot-hram-vo-skopje-i-ushte-9-najubavi-katedrali-vo-svetot-01.jpgФото: depositphotos

Катедралите се најголемите христијански храмови и претставуваат главна црква, односно седиште на епископите. Зборот „катедрала“ најчесто го користат католиците и православните христијани.

Ширум светот постојат илјадници катедрали, дел од кои биле градени со векови, и дефинитивно е тешко е да изберете која е најубава.

Затоа, во продолжение погледнете дел од најпознатите и најубавите катедрали ширум светот:

Црква Свети Василиј, Москва

Позната и како Покровска катедрала, црквата Свети Василиј е една од најживописните градби во Москва. Нејзината изградба почнала во 1555-та, во времето на Иван Грозни и е лоцирана на Црвениот плоштад во главниот град на Русија.

Денес градбата е претворена во музеј, но повремено се одржуваат и црковни служби.

del-od-najubavite-katedrali-shirum-svetot-02.jpg

Богородична црква (Нотр Дам), Париз

Нотр Дам е дефинитивно најпознатата готска катедрала ширум светот. Сместена е на островот Сите во реката Сена, во главниот град на Франција. Изградбата на катедралата почнала во 1163 година, за време на владеењето на Луј VII и ова ремек-дело се смета за еден од најубавите примери за готска архитектура.

За жал, во 2019-та катедралата ја зафати пожар кој предизвика сериозна штета, особено на покривот, а се очекува реновирањето да заврши пред 2024-та година.

del-od-najubavite-katedrali-shirum-svetot-03.jpg

Миланска катедрала (Дуомо), Милано

Дуомо во Милано е уште една готска катедрала, за чија изградба биле потребни неверојатни 600 години. Изградбата почнала во 1386-та, а беше целосно завршена дури во 1965-та година.

Дуомо е петтата најголема катедрала во светот, но и најголемата катедрала на територијата на Италија.

del-od-najubavite-katedrali-shirum-svetot-04.jpg

Бразилска катедрала, Бразилија

Модернистичката катедрала во Бразилија, Бразил е релативно нова и е изградена во периодот 1958-1970. Градбата е направена од армиран бетон, а стаклениот покрив е дизајниран така што им овозможува на верниците поглед кон небото, односно рајот, според верувањата.

Од 1987-ма катедралата се наоѓа на листата на УНЕСКО за светски културни наследства.

del-od-najubavite-katedrali-shirum-svetot-05.jpg

Катедрала Свети Павле (Св. Паул), Лондон

На околу 300 метри од реката Темза во Лондон се наоѓа катедралата Свети Павле, која е трета по големина во светот.

Изградбата започнала во 1669-та година, после големиот пожар во Лондон кој уништил над 13.000 куќи, како и старата катедрала Свети Павле. Новата катедрала се наоѓа на истото место како и старата и е една од најпознатите туристички атракции во градот.

del-od-najubavite-katedrali-shirum-svetot-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Најубавите имиња за девојчиња и момчиња родени во пролет (и нивното значење) Вито – оној кој означува живот, исто како природата во пролет, која оживува. Ири...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg