Соборниот храм во Скопје и уште 9 најубави катедрали во светот
Митрополитска катедрала, Мексико Сити
Митрополитската катедрала во главниот град на Мексико е најголемата и најстарата катедрала во Америка.
Градена е околу постара црква, која била изградена веднаш откако Шпанците го освоиле Теночтитлан – главниот град на царството на Ацтеките.
Работата на новата градба почнала во 1573-та и траела до 1813-та и во овој период целосно ја заменила старата црква. Бидејќи за изградбата биле потребни околу 250 години, скоро сите познати архитекти, сликари и скулптори од областа биле вклучени во проектот.
Црква Свети Александар Невски, Софија
Свети Александар Невски во Софија, Бугарија е изградена во периодот 1882-1912 и се наоѓа на плоштадот кој го носи истото име. Изградена е во често на воинот Александар Невски, кој бил прогласен за светец од Руската православна црква.
Црква Свети Климент Охридски (Соборен храм), Скопје
Лоцирана во Скопје, црквата Свети Климент Охридски е најголемиот соборен храм на Македонската православна црква. Изградбата според проект на архитектот Славко Брезоски започна во 1972-ра, а заврши во 1991-ва година. Целата црква е направена само од куполи и лакови, а фонтаната во дворот на црквата е подарок од Исламската верска заедница.
фото: depositphotos.com
Келнска катедрала, Келн
Изградбата на Келнската катедрала започнала во 1248-ма, а завршила дури во 1880-та година. Катедралата е заштитена од УНЕСКО како светско културно наследство и е уште еден неверојатен пример за готска архитектура.
Градбата е најпосетената знаменитост во Германија.
Базилика Свети Петар, Ватикан
Катедралата посветена на апостол Петар е најголемиот христијански храм во светот и внатре собира дури 60.000 верници. Свети Петар се смета за „мајка-црква“ на Римокатоличката црква и за верниците е едно од најсветите христијански места во светот.
Се верува дека овде е погребан апостолот Свети Петар, кој се смета и за прв папа на Римокатоличката црква.
Спирова С. | Црнобело