Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вирален ТикТок предизвик при кој мажите паѓаат на глава, а жените триумфираат (видео)

Предизвикајте го партнерот на дуел и дознајте кој ќе победи... Што мислите во што е причината за триумфот на жените во овој предизвик?

viralen-tiktok-predizvik-na-koj-mazhite-pagjaat-na-glava-a-zhenite-triumfiraat-01.jpg

Последниот ТикТок предизвик се вика „Center of gravity challenge“ (центар на гравитација) каде жените доминираат, додека мажите паѓаат на глава, односно на лице.

Предизвикот во теорија е едноставен. Треба прво да клекнете на раце и нозе, потоа да ги ставите лактите на земја и да ја потпрете брадата на дланките.

И тука доаѓа ризичниот дел.

Брзо треба да ги тргнете лактите од земја и да плеснете со рацете зад грб.

Резултатот е навистина забавен. Жените најчесто со леснотија успеваат да го изведат предизвикот, додека мажите не успеваат да ги задржат своите тела и паѓаат.

Нивото торзо доживува колапс и со лицето се залепуваат за земја.

Сите се смеат на крајот и предизвикот брзо стана вирален хит.

Дали е навистина вака? Тестирајте дома со партнерот или друг машки член од семејството... За почеток обидот направете го врз перница или некоја мека површина за да не се повредите.

Теоријата зошто жените успеваат да го изведат предизвикот, а мажите не, е затоа што жените имаат понизок центар на гравитација. Во просек, центарот на гравитација кај жените е за 8 до 15% понизок од кај мажите, според статија во академскиот магазин „Theoretical Biology and Medical Modelling“. Наводно жените еволуирале така за да останат стабилни во време на бременоста.

Но, не секој човек е граден на ист начин, па така некои мажи имаат понизок центар на гравитација и можно е некои жени дури и да изгубат во овој предизвик од своите партнери.

Но, не се многу такви. Постои само еден начин да дознаете, да пробате.

Како изгледа виралниот предизвик:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Пет работи кои им се забранети на жените во Северна Кореја Мажените жени имаат право само на една фризура и никаде не се продаваат влошки и...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg