Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Денес се закројуваат лозјата: Свети маченик Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите

Денес именден празнуваат Трифун, Трајан, Трајанка, Трајко, Трајче… Светиот маченик Трифун е роден околу 225 година во Кампсада, во малоазиската област Фригија, во близината на градот Апамија.

Sveti-Trifun-01.jpg

Со Божја помош, Трифун лекувал болни и ги бркал лошите демони. За неговите чуда се раскажувало низ целата империја, а бил повикан во Рим кај царот Гордијан, бидејќи неговата ќерка Гордана се разболела од душевна болест и не можел да ја излекува ниту еден лекар во империјата.

Во еден момент, нечистиот дух од неа проговорил дека никој не може да го избрка освен Трифун. Наскоро, во Рим пристигнало 17-годишното момче од Кампсада, коешто за кусо време ја излекувало царската ќерка и се стекнало со уште поголема слава. Трифун бил даруван со многу дарови од страна на царот кои подоцна на враќање им ги поделил на сиромасите.

Свети Трифун умрел со маченичка смрт на само 21 година, за време на царот Децие, кога бил извршен голем прогон на христијаните. По неговата смрт, за свој покровител го зеле градинарите, лозарите и меанџиите.

Свети Трифун е еден од поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи, главно познат по обредното закројување на лозјата. Како што забележале собирачите на македонските народни умотворби, тој бил покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на лозарите и градинарите.

Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.).

Според новиот календар, денес, на 14 февруари го празнуваме Свети Трифун. Затоа закројте го лозјето доколку го имате и напијте се чашка вино во чест на големиот христијански празник.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg