„Купувачите враќаа износена долна облека“ – искрени исповеди на жени кои работеле во продавници на Victoria’s Secret

„Враќаа износена долна облека“, „Мажи купуваа за неколку жени одеднаш“ и „Имавме машки клиенти кои само ја допираа долната облека“ се само дел од изјавите на поранешните вработени во Victoria's Secret.

kupuvachite-vrakjaa-iznosena-dolna-obleka-iskreni-ispovedi-na-zheni-koi-rabotele-vo-prodavnici-na-victoria-s-secret-01.jpg

Victoria‘s Secret e еден од најпопуларните брендови за долна облека, а иако можеби вработените добиваат добра плата, огромен попуст, а одвреме-навреме и бесплатни продукти, работењето во продавницата за омилениот бренд носи бројни необични, дури бизарни моменти.

Ова најдобро го покажуваат исповедите на жени кои во минатото работеле во продавници за познатиот бренд. На BuzzFeed, неколку жени решиле да го споделат нивното искуство, а од повеќето изјави дури и ќе ви се згади.

Погледнете што споделиле жените кои порано работеле во продавница на Victoria’s Secret:

„Уште ми е чудно тоа колку многу мажи доаѓаа да купуваат долна облека за неколку жени. Еднаш, еден маж дојде во продавницата и купи подарок за сопругата и двете негови девојки, и нè замоли да запишеме кој подарок е за кого за да не направел грешка“.

„Во продавницата имаше тоалет на три чекори од соблекувалната, но безброј пати морав да ги чистам соблекувалните од одвратни луѓе. Еднаш, една девојка веројатно добила менструација додека пробувала долна облека, а јас морав да го чистам нередот што го оставила“.

„Едно од најчудните нешта ми беа купувачите од други држави. Ги полнеа кесите со сè и сешто и правеа сметки од 1.000 долари, само затоа што немале Victoria’s Secret во нивната држава“.

kupuvachite-vrakjaa-iznosena-dolna-obleka-iskreni-ispovedi-na-zheni-koi-rabotele-vo-prodavnici-na-victoria-s-secret-02.jpg

„Премногу мажи пробуваа да ме манипулираат со фразата: Сопругата/девојката носи иста големина градник како тебе. Може ли ти да го облечеш да видам како ќе ѝ стои?“

„Многу често наоѓав износена долна облека, некогаш извалкана со менструална крв, во соблекувалната“.

„Секојпат кога некој враќаше градник, ние вработените моравме да го исечеме, за кога ќе го фрлиме, никој да не може да го земе од контејнерот. Наместо тоа, можеа да ги донираат овие градници“.

„Многу често постари жени се соблекуваа среде продавница и си разгледуваа носејќи само долна облека. Секојпат морав да ги потсетувам дека имаме и соблекувална“.

kupuvachite-vrakjaa-iznosena-dolna-obleka-iskreni-ispovedi-na-zheni-koi-rabotele-vo-prodavnici-na-victoria-s-secret-03.jpg

„Работев во продавница на Victoria’s Secret во 2016-та, и секојпат кога вработуваа нова девојка, проценуваа кој број градник носи. Сето ова за да не го користиме попустот за вработени за други луѓе“.

„Најдоброто од работењето за Victoria’s Secret e тоа што добивав нов градник со секоја нова колекција. Најлошото беше справувањето со некои мажи. Еден период во продавницата доаѓаше маж кој секојпат велеше дека бара подарок за девојката, ја допираше изложената долна облека, не купуваше ништо, па си заминуваше“.

„Генерално имав позитивно искуство, а најмногу ми се допаѓаше кога им помагав на жените. Неколкупати се случуваше жена да заплаче од среќа во соблекувалната, бидејќи конечно сум ѝ помогнала да си најде совршен градник“.

kupuvachite-vrakjaa-iznosena-dolna-obleka-iskreni-ispovedi-na-zheni-koi-rabotele-vo-prodavnici-na-victoria-s-secret-04.jpg

„Доаѓаа мажи кои ми покажуваа топлес фотки од нивните девојки и ме прашуваа која големина мислам дека се“.

„Имав секакви купувачи, но омилени ми беа постарите жени кои си купуваа секси долна облека“.

„Многу купувачи враќаа парчиња долна облека, и тоа износени. Одвратно!“

Извор

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg