Сменете ги лошите денови
Нели посакувате никогаш да не мора да искусите лош ден? Сепак, јасно ни е дека совршен живот – не постои. Има денови кога ни се чини дека сè околу нас се руши.
Нашето нерасположение често влијае и на луѓето околу нас.
Но, што треба да знаете?
Единствената разлика меѓу добар и лош ден е вашиот став! Ако се разбудите со мислата „Супер! Денес ќе биде убав ден!“ тогаш веројатноста дека тоа ќе биде така е далеку поголема отколку ако се разбудите млитави и депресивни.
Ова се неколку совети како да претворите лош во добар ден:
1. Немојте да се соживувате со состојбата. Најчесто, лошите денови изгледаат како никогаш да нема да завршат, но тоа е затоа што постојано се потсетуваме на моменталната ситуација и приказната останува во нашата глава. Главата горе и соочете се со проблемот. Утре веќе ќе биде минато.
2. Не дозволувајте да ве обземе негативноста. Гледајте на виножитото, а не на бурата.
3. Зборувајте со пријателите. Во овие ситуации пријателите се оние кои помагаат да се чувствувате подобро. Не се затворајте во себе. Споделете за да ви биде полесно.
4. Сетете се како сте се справиле со слична ситуација. Ако погледнете во минатото ќе се сетите како успешно сте се соочиле со слична ситуација како моменталната. Преживеавте- ќе преживеете и овој пат.
5. Воздивнете и продолжете понатаму. Прошетајте, размислете, отспијте. Понекогаш полесно кога ќе го оставите проблемот за наредниот ден кога ќе имате повеќе сила и ентузијазам.
Ако имате уште некои сопствени начини на кои се справувате со тешките денови, споделете со нас. Навистина би сакале да чуеме!