Страв од жолта боја, страв од донесување одлуки: Необични фобии за кои сигурно не сте знаеле дека постојат

Иако на повеќето им се има случено да им се налепи путер од кикиритки на горниот дел од устата, сепак, луѓето со арахибутирофобија исклучително се плашат од тоа. Некои со оваа состојба можеби ќе консумираат помали количини путер од кикиритки, додека пак други целосно ќе избегнуваат.

strav-od-zholta-boja-strav-od-donesuvanje-odluki-neobichni-fobii-za-koi-sigurno-ne-ste-znaele-deka-postojat-01.jpg

Фобијата е страв од некој предмет, ситуација или живо суштество. Додека стравот е природен одговор на опасност, фобиите честопати се јавуваат како одговор на нешто што најверојатно нема да предизвика вистинска штета. Личност со специфична фобија ќе доживее интензивен страв и вознемиреност кога ќе се соочи со изворот на фобијата, како на пример крв, височини, затворен простор, одредени животни…

Фобиите се карактеризираат со значителна вознемиреност и честопати личноста која се соочува со истата, страда од екстремна анксиозност.

Сигурно имате слушнато за многу вообичаени фобии, но има некои почудни, за кои поретко се зборува, а еве неколку од нив:

Арахибутирофобија – страв од путер од кикиритки да се залепи на непцето од устата

Иако на повеќето им се има случено да им се налепи путер од кикиритки на горниот дел од устата, сепак, луѓето со арахибутирофобија исклучително се плашат од тоа. Некои со оваа состојба можеби ќе консумираат помали количини путер од кикиритки, додека пак други целосно ќе го избегнуваат.

Оваа е ретка фобија која може да произлезе од поголема фобија, како што е страв од лепливи работи или страв од задушување. Исто така, може да биде последица од трауматични инцидент со путер од кикиритки, како што е задушување или алергија на истиот.

strav-od-zholta-boja-strav-od-donesuvanje-odluki-neobichni-fobii-za-koi-sigurno-ne-ste-znaele-deka-postojat-02.jpg

Ксантофобија – страв од жолта боја

Луѓето со оваа ретка фобија најчесто се плашат од кој било предмет што е жолт и може по секоја цена да ја избегнуваат оваа боја, па дури да сметаат и дека жолтата храна е вознемирувачка.

Оваа фобија може да го попречи нормалното секојдневие, зашто жолти работи може да се најдат насекаде.

strav-od-zholta-boja-strav-od-donesuvanje-odluki-neobichni-fobii-za-koi-sigurno-ne-ste-znaele-deka-postojat-03.jpg

Аблутофобија – страв од капење

Аблутофобијата е страв од капење, миење или чистење. Таа најчесто се јавува кај децата и исчезнува со текот на растењето, но сепак, може да биде присутна и кај возрасните.

Луѓето со аблутофобија избегнуваат капење и туширање, што може да доведе до непријатен мирис на телото, а понекогаш и до социјална изолација.

Аблутофобијата може да биде резултат на трауматични настан кој вклучува вода, а во некои случаи оваа фобија се поврзува и со аквафобијата, што е страв од вода.

strav-od-zholta-boja-strav-od-donesuvanje-odluki-neobichni-fobii-za-koi-sigurno-ne-ste-znaele-deka-postojat-04.jpg

Октофобија – страв од бројот осум

Луѓето со октофобија се плашат од бројот осум, на пример, кога се појавува запишан на адреси или реклами. Тие исто така може да се плашат од предмети кои се прикажуваат во групи од осум броја.

Оваа ретка фобија може да потекнува од нејзината сличност со знакот на бесконечност. Исто така може да се јави и од трауматични настан кој го вклучува бројот осум, како што е несреќа што се случила на осми во месецот…

strav-od-zholta-boja-strav-od-donesuvanje-odluki-neobichni-fobii-za-koi-sigurno-ne-ste-znaele-deka-postojat-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Фотки кои ќе ве утешат: Луѓе кои имале полош ден на работа од вас Скинати фармерки, но и колеги кои како да забораваат дека во канцеларијата има и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg