Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Страв од жолта боја, страв од донесување одлуки: Необични фобии за кои сигурно не сте знаеле дека постојат

Ергофобија – страв од работа

Луѓето со ергофобија имаат екстремна вознемиреност поврзана со нивното работно место или работната средина.

Некои може да имаат страв од физичка работа или самиот чин, додека други може да имаат страв да најдат работа. Сите овие случаи би биле класифицирани како ергофобија.

Стравот од работа може да доведе до напади на анксиозност и да ја наруши способноста на една личност да функционира професионално, при што може да има огромно влијание врз животот на личноста, бидејќи повеќето луѓе мора да работат за да ја задржат работата и да преживеат.

strav-od-zholta-boja-strav-od-donesuvanje-odluki-neobichni-fobii-za-koi-sigurno-ne-ste-znaele-deka-postojat-06.jpeg

Децидофобија – страв од донесување одлуки

Донесувањето каква било одлука може да изгледа невозможно за некој со децидофобија, бидејќи не им верува на сопствените мислења.

Лицето со децидофобија може премногу да се потпира на другите, за да му помогнат при донесување одлуки.

strav-od-zholta-boja-strav-od-donesuvanje-odluki-neobichni-fobii-za-koi-sigurno-ne-ste-znaele-deka-postojat-07.jpg

Еизоптрофобија – страв од огледала

Оваа фобија понекогаш се нарекува и спектрофобија или кататрофобија. Луѓето со овој страв не можат да се погледнат себеси во огледало, а стравот може да се прошири и на која било рефлектирачка површина.

Овој страв може да потекнува од суеверијата за огледалата. На пример, некоја личност може да се плаши да скрши огледало затоа што верува дека тоа ќе ѝ донесе лоша среќа, додека други може да се плашат да не видат нешто натприродно во огледалото, како што се духови.

Еизоптрофобијата може да се развие и од ниска самодоверба, бидејќи лицето може да се срами од својот физички изглед и да не сака да се види во огледало, а сето ова може да води во депресија, при што е потребна и професионална помош.

strav-od-zholta-boja-strav-od-donesuvanje-odluki-neobichni-fobii-za-koi-sigurno-ne-ste-znaele-deka-postojat-08.jpg

Деипнофобија – страв од јадење со други

Оваа фобија може да потекнува од стравот од разговори за време на вечерата или потребата од тоа да се води разговор додека се јаде.

Во многу случаи, деипнофобијата е предизвикана од трауматични настани од минатото на личноста, како што е исмејувањето како дете поради начинот на кој јадело или поради непридржувањето на основниот бонтон на трпезата.

Стравот од јадење со други може да биде поврзан и со стравот од критикување на начинот на кој јаде личноста. Луѓето со оваа фобија имаат тенденција да јадат сами или, ако јадат со други, претпочитаат тоа да биде во тишина.

strav-od-zholta-boja-strav-od-donesuvanje-odluki-neobichni-fobii-za-koi-sigurno-ne-ste-znaele-deka-postojat-09.jpg

М. Ѓ | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg