Личност која ѝ ги разносува новите чевли и уште 8 необични работни места во палатата на кралицата Елизабета
Кралски свирач на гајда
Јасно е што прави ова личност – треба да свири гајда кога кралицата ќе го посака тоа. Ова работно место постои од владеењето на кралицата Викторија и главната задача на свирачот е да свири гајда секое утро во 9 часот, под прозорецот на кралицата.
Ова е престижно работно место и досега им припаѓало на само 15 луѓе.
Куратор на часовниците во палатата
Кралската палата е полна со предмети со историска важност, вклучувајќи и многу часовници. Поради тоа, кралицата вработува експерт кој е како куратор и се грижи за сите часовници во нејзината колекција.
Кралски поет
Кралицата си има и свој поет, а интересно е што покрај парите, таа му плаќа и со буриња полни со шери ликер – традиција која постои од 1630-та година.
Во минатото оваа позиција била многу важна, но денес поетот пишува само одвреме-навреме, и тоа за специјални настани, по наредба од кралицата.
Кралски астроном
Ова работно место постои од 1675-та и во минатото кралскиот астроном имал многу важна улога. Тој ги набљудувал ѕвездите и помагал во навигацијата, а со тоа и откривањето и мапирањето на нови места.
Денес ова е само почесно работно место и кралскиот астроном најчесто е еден вид советник на кралицата кога станува збор за наука.
Куратор на сликите во палатата
Кралската колекција ја сочинуваат илјадници слики, меѓу кои има и многу вредни уметнички дела. Затоа, кралицата има вработено куратор чија задача е да се грижи за сликите, да ги изложува кога има потреба од тоа и слично.
Спирова С. | Црнобело