Личност која ѝ ги разносува новите чевли и уште 8 необични работни места во палатата на кралицата Елизабета
Покрај многуте чувари, хигиеничари и готвачи, кралицата Елизабета нуди и многу други, необични работни позиции.
Дел од нив, како разносувачот на чевли, се навистина корисни без разлика што звучат чудно, а многу од овие работни места постојат само за да ја следат традицијата.
Од сечач на месо и кралски свирач на гајда, па сè до кралски поет, погледнете дел од најчудните работни места што ги нуди кралицата Елизабета:
Разносувач на чевли
Кралицата Елизабета има вработено личност која ѝ ги разносува новите чевли, пред таа да ги облече.
Причината за ова е едноставна – некои официјални настани траат многу долго време, па за кралицата е важно да има удобни обувки. А, сите знаеме дека неретко треба да ги носиме новите чевли неколкупати, пред да се чувствуваме удобно во нив.
Сечач на месо
Кралското семејство има и сечач на месо, чија должност е да го сече месото за време на кралските ручеци и официјални настани. Но, ова е работна позиција за која не можете да аплицирате, бидејќи е наследна.
Кралски композитор
Оваа личност компонира музика за важни настани на кралското семејство. Истовремено, кралскиот композитор е и како наставник по музика за кралицата, па ако таа сака да научи нешто за оваа тема, му се обраќа нему.
Негувател на лебеди
Сите лебеди во Англија ѝ припаѓаат на кралицата, па таа мора да се грижи за нив. За оваа цел, постојат неколку луѓе кои редовно го проверуваат здравјето на лебедите, ги хранат и ги пребројуваат.