Маж има 150 деца од 27 жени - 3 од децата на полигамистот проговорија за животот
Од тоа дека во семејството имале 27 мајки и како им изгледале роденденските забави до како се прехранувале, 3 деца од семејството, односно култот на Винстон, проговорија јавно.
Во најпознатото семејство од Канада има 150 деца. Станува збор за семејството на полигамистот Винстон Блекмур (64), на кој децата му се од 27 жени.
Три од децата на Винстон одлучија на TikTok да споделат како е да се живее во вакво семејство, односно култ.
Од тоа како изгледаат роденденските забави до како е да се оди на училиште со своите внуци, 19-годишните Мерлин и Муреј Блекмур и 21-годишниот Ворен откриваат интересни детали.
Тројцата браќа велат дека се блиски со „своите“ 27 мајки и дека се надеваат дека наредната генерација ќе биде семејство, а не култ.
Мерлин, кој има 7 комплетно биолошки браќа и сестри, односно од исти мајка и татко, кој сега живее во САД, вели:
„Сакав да излезам оттаму за да зборувам отворено затоа што се плашев дека некој ќе ми се појави на прагот и ќе ми направи нешто само затоа што искрено говорам како бев воспитан како дете. Сакав да зборувам отворено за тоа со години, но сега сум во позиција кога можам и сакам светот да знае“.
Тој откри дека на истиот ден со него е роден и еден негов полубрат и една негова полусестра и дека на некој начин се тројка, иако имаат различни мајки.
Во друго видео вели дека неговиот најстар брат има 44 години, а најмладиот една година.
За роденденските забави Мерлин вели дека не значело дека сите 150 деца ќе се појават на роденден, туку се појавувале само најблиските по возраст со славеникот. Најчесто се појавувале само оние кои биле комплетно биолошки браќа и сестри, плус некои пријатели.
Понекогаш ако имало повеќе родендени блиску во ист период тие славеле сите наеднаш, како голема роденденска забава, но тоа не се случувало често.
Интересно е што мајките на Мерлин и Ворен се всушност сестри. Ворен сѐ уште живее во Канада. Тие двајца израснале заедно во иста куќа и сѐ правеле заедно.
Ворен открива дека во неговото одделение имало 19 ученици, сите родени во 1990 година и дека класот го водел неговиот татко, а некои од соучениците му биле всушност внуци.
Браќата откриваат дека најголемиот дел од нивната храна ја одгледувале сами, како на пример компири, пченка, домати.
Тие велат дека нивното семејство се одделило од црквата и воспоставило своја „црква“.
Инаку нивниот татко Винстон во 2017 година бил обвинет за практикување полигамија и осуден на 6 месеци куќен притвор.
Мерлин
@merlins.life Find your twin! #polygamy #birthday #siblings #famof150 #fyp #foryou #foryoupage
♬ F Boy - Ander Huang & DJ Kuromi
Ворен
@warrens.life ♬ Hate The Other Side - Juice WRLD & Marshmello & The Kid Laroi
Муреј
@kayezer0 Reply to @that_bad_artist next question please ! ?? #flds #exmormon #fyp #foryoupage
♬ original sound - Murray Blackmore
С. С. | Црнобело