Пар отишол да живее на мал ирски остров, без струја и вода, и ја избегнал пандемијата
Додека светот беше во хаос од вирусот, пар живеел на мал зафрлен остров во Ирска каде деновите им минувале во прошетки со кучињата, риболов и уживање во неверојатни пејзажи.
Лук (34) и Сара Фланаган (36) од Велика Британија се преселиле на мал остров во Ирска на 14-ти март, само два дена пред да почнат рестрикциите поради пандемијата во Велика Британија.
Тие станале единствените жители на островот Owey Island на кој нема ниту струја, ниту вода.
Парот всушност таму отишол да живее не поради пандемијата, туку поради тоа што сакале да минат извесен период со побавно темпо на живот, а тоа што испаднало да се изолираат токму во вистинското време било само придобивка плус.
Од прошетки, риболов, неверојатни пејзажи до прехранување со домашни продукти, парот без контакт со луѓе успеал да се заштити од стресот од корона вирусот.
„Беше навистина чудно да слушаме за сѐ што се случува во светот додека бевме изолирани на овој мал остров. Како што претпоставувате, воопшто немаше потреба да се грижиме за социјално дистанцирање. Темпото на живот е пребавно, но тоа е прекрасно. Деновите ги минувавме во шетање со кучињата, одгледување на наша храна и учење на нови вештини. Ова не е за секој, но нам ни се допадна“, велат тие.
Инаку на Owey Island има неколку имоти, кои се користат само како викенд прибежишта кога е убаво времето, нема училишта, продавници и има само две улици. Неколкуте имоти се користат само во лето, а според локалните историски книги последен пат некој тука ја минал зимата во 1974 година.
Лук и Сара живееле во мала колиба, каде со специјален систем собирале дождовна вода, користеле соларни панели за да ги полнат нивните електрични уреди и готвеле на плински боци.
Во текот на летото пристигнале уште неколку луѓе кои одлучиле да престојуваат на малиот остров, а Сара и Лук им помогнале во учењето како да функционираат најлесно во дадените околности.
Парот вели дека престојот на островот ги научил да го користат тоа што го имаат, наместо да го купуваат тоа што го сакаат.
Фотки од нивниот престој:
С. С. | Црнобело