Како да го спречите икањето и уште 7 едноставни решенија за чести секојдневни проблеми
Како да се справите со постојаниот замор?
И овојпат најважна е вашата исхрана. Ако постојано се чувствувате уморно, а спиете доволно и немате нарушување што може да биде причина за тоа, голема е веројатноста дека јадете многу храна со јаглехидрати. Затоа, обидете се почесто да консумирате овошје и зеленчук, а брзата и храната со многу јаглехидрати јадете ја што поретко.
Ако ни промените во животните навики не ви помогнат да се справите со заморот, најдобро е да одите на лекар.
Како брзо да го исушите лакот за нокти?
Ако не ви се чека да ви се исуши лакот за нокти, има решение и за тоа. Сè што треба да направите е да наполните сад со студена вода и да ги ставите прстите внатре. Држете ја раката во водата 2-3 минути и вашиот лак ќе биде исушен.
Како вашиот дом да мириса убаво?
Нема потреба да купувате освежувачи за воздух – можете да си направите и сами.
Во тенџере полно со вода ставете две лажици екстракт од ванила и ставете го тенџерето на шпорет околу 20 минути, на температура од 150 степени. Набрзо целиот дом ќе замириса на ванила.
Спирова С. | Црнобело