6 сигнали кои „врескаат“ дека секогаш ги ставате другите пред себе

Се извинувате кога друг ќе ве згазне, касиерката ве краде, но не си ги барате парите, помагате на луѓе кои ве игнорирале со години... Се препознавате ли?

6-signali-koi-vreskaat-deka-sekogash-gi-stavate-drugite-pred-sebe-01.jpg

Дали сте од оние луѓе кои постојано се трудат да ги задоволат другите? Секогаш другите се поважни од вас, а себе се ставате на последно место.

Но, кога другите ќе сфатат дека така функционирате, ќе почнат да ве искористуваат и да претеруваат. Мора малку повеќе да внимавате на себе и да си бидете приоритет.

Сигнали кои „врескаат“ дека ги ставате другите пред себе:

- Несигурни сте околу својот изглед, постојано упатувате критики на своја сметка, си ги ставате на срце критките од другите луѓе и сметате дека сте убави само кога ќе се средите до совршенство.

- Константно им се јавувате и им пишувате на саканите, кои ве игнорираат, први попуштате по кавги, си ја газите гордоста и дозволувате да ве манипулираат.

6-signali-koi-vreskaat-deka-sekogash-gi-stavate-drugite-pred-sebe-02.jpg

- Дури и кога ќе ви украдат пари на каса во маркет вие не правите шоу и си премолчувате, не сакате да се објаснувате, изгледате наивно и не се борите за своите права.

- Им помагате на луѓе со кои не сте разговарале со години, без разлика што тие ви се јавуваат само од корист. Нема ништо лошо во тоа да бидете добри, но внимавајте да не „паѓате“ на манипулации.

6-signali-koi-vreskaat-deka-sekogash-gi-stavate-drugite-pred-sebe-03.jpg

- Не барате помош дури и кога ви е неопходна, само затоа што не сакате да им пречите на другите, можно е дури потсвесно да верувате дека не вредите за тие да трошат на вас време.

- Се извинувате дури и кога не е е ваша вина, на пример кога некој ќе ве згази во турканица, вие му велите „извини“ и повторно се ставате во втор план затоа што автоматски сакате да ги задоволите сите секогаш.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg