10 сличности помеѓу мажите и жените
Напишани се многу книги и статии за разликите помеѓу мажите и жените. Дури и се зборува дека не можеме да живееме едни со други освен ако...
...не ги разбираме разликите. Сепак, сличностите, а не разликите е тоа што не поврзува и го прави возможен заедничкиот живот.
Еве ги 10 – те најчести сличности:
1. Не сме совршени. Сите очекуваат да имаме совршена мајка, девојка, татко, момче, брат, сестра, но едноставно тоа не е возможно. Престанете премногу да очекувате од луѓето. Обидете се да разберете и простите.
2. Стереотипите нè болат. Стереотипите за мажите или жените добро им се познати на сите, но ги навредуваат и едните и другите. Мораме да се ослободиме од стереотипите и да го одбереме она што го сакаме, а на другите да им дадеме можност да бидат она што сакаат.
3. Ни треба љубов и почитување. Иако се смета дека на жените им треба повеќе љубов, а на мажите почитување, тоа не е точно. И на едните и на другите им треба и љубов и почитување.
4. Имаме проблеми со довербата. Низ нашите негативни животни искуства сме поминале низ предавство, неисполнети ветувања, напуштање и сè слично што ни оставило последици. Секако, потребна ни е мала сигурност од луѓето што ги сакаме за да се уште можеме да им веруваме.
5. Несигурни сме. Било поради изгледот, споредувањето со ѕвездите, познатите спортисти, деловните луѓе, соседите, сите во себе носат одредени комплекси. Од комплекси не се вакцинирани ниту мажите ниту жените.
6. Имаме чувства. Жените често пати се сметаат за претерано емотивни, а мажите за бесчувствителни, но вистината варира некаде помеѓу. Постојат бесчувствителни мажи и жени, а постојат и претерано емотивни и мажи и жени.
7. Имаме цели и амбиции. И мажите и жените имаат цели и амбиции. Секој одбира свој фокус, но сите сакаме да бидеме успешни во тоа што ни е важно.
8. Имаме различен поглед на успехот. Не само мажите и жените, воопшто сите имаат различен поглед на успехот и во тоа нема разлика помеѓу мажите и жените. Секој го доживува успехот на свој начин. Некој сака да биде корпоративен лидер, а некој најдобар родител.
9. Имаме свои уверувања и ставови. Сите имаме различно семејно потекло и природно е да имаме различни уверувања и ставови, но по тоа прашање нема разлика помеѓу половите.
10. Сите имаме солзни канали. Не е срамота да се изразат чувствата со солзи. Сите плачат, некои поретко, некои почесто, но солзите биле првиот начин на изразување на емоциите уште додека сме биле бебиња.