11 знаци дека страдате од „менталитет на жртва“ – сами сакате да ве сожалуваат
Со помош на овие техники, луѓето со менталитет на жртва ги држат блиску до себе останатите и емоционално се врзуваат за нив.
Не постои тип на луѓе кои одговараат на улогата на жртва, туку истата може да ја имаат и сосема нормални луѓе кои несвесно го прават тоа.
Но, тоа никако не е позитивна карактеристика, па ако и најмалку се сомневате, треба да се преиспитате.
Следниве знаци укажуваат на менталитет на жртва:
1. Постојано обвинувате некој друг за тоа што се чувствувате мизерно.
2. Вашата најчеста фраза е „животот е против мене“.
3. Ги гледате вашите проблеми како катасрофи и ги преувеличувате работите.
4. Мислите дека само на вас ви се случува непрадвда.
5. Дури и кога работите одат на добро, вие наоѓате причина за жалење.
6. Се чувствувате нападнато кога некој се обидува да ви даде конструктивна критика.
7. Верувате дека вие никогаш не сте виновни за она што ви се случува во животот.
8. Околу себе привлекувате луѓе како вас – тие постојано се жалат и обвинуваат други.
9. Уживате во споделување на трагични приказни со другите луѓе.
10. Одбивате да се анализирате себеси и да си го подобрите животот.
11. Постојано се разочарувате и сте несреќни од животот, а се трудите тоа другите да го дознаат.
М. М. | Црнобело