Одбивање гости, најмување куќна помошничка - Работи за кои ниту една жена не треба да се грижи

Најмување куќна помошничка

Можеби на мајка ви викендите ѝ беа ангажирани за чистење на домот, а вие како дете го мразевте тоа затоа што немаше време да ве прошета во природа и да се дружи со вас. Па, зошто, ако имате финансиска можност да ангажирате хигиеничарка, да не си дозволите викендите да ги посветите на дружба со децата и на релаксација?

Ако не можете да пристигнете со сите обврски и можете да си дозволите да најмите куќна помошничка, слободно направете го тоа и не се чувствувајте должни да ја објаснувате вашата одлука.

Истото важи и за оние кои сакаат сами да се одговорни за чистотата на својот дом - секој има право на избор.

kupuvanje-skapi-chevli-najmuvanje-kukjna-pomoshnichka-raboti-za-koi-nikomu-ne-dolzhite-izvinuvanje-06.jpg

Организирање голема или мала венчавка

Луѓето забораваат дека венчавката е за невестата и младоженецот и секогаш имаат коментари за она што не им се допаѓа.

Вашата венчавка ја правите за вас и вашиот партнер и ако вие сакате огромна прослава со стотици гости, направете го тоа без чувство на вина, но секако ова не важи во време на пандемија.

Истовремено, ако сакате скромна венчавка само со најблиските, не треба да објаснувате зошто сте го направите тоа и зошто не сте чекале подобри времиња за огромна и луксузна свадба.

kupuvanje-skapi-chevli-najmuvanje-kukjna-pomoshnichka-raboti-za-koi-nikomu-ne-dolzhite-izvinuvanje-07.jpg

Дали ќе имате деца и колку деца ќе имате

Без разлика дали сакате едно, две или пет деца, или воопшто не сакате да бидете родител, не треба да се извинувате никому за вашата одлука.

И вие можеби мислите дека не е нормално да се има 3 деца, а да не им се обезбедат услови за живот, па не коментирате никому. Секој сам носи одлуки за својот живот - важно е да бидете сигурни во вашата одлука.

kupuvanje-skapi-chevli-najmuvanje-kukjna-pomoshnichka-raboti-za-koi-nikomu-ne-dolzhite-izvinuvanje-08.jpg

Одбивање гости

Ви се најавуваат гостите, а вас не ви е средено или не ви се спрема храна или едноставно не сте расположени за дружба. Слободно одбијте ги. Нема потреба да прифатите нечија посета во својот дом и да се чувствувате мизерно.

Можеби сте уморни, можеби имате работа, можеби сте планирале нешто друго… без разлика која е причината, кога не ви се пречекуваат гости, имате право да ги одбиете без многу објаснување. А, посебно во време на пандемија воопшто не мора да го објаснувате тоа.

kupuvanje-skapi-chevli-najmuvanje-kukjna-pomoshnichka-raboti-za-koi-nikomu-ne-dolzhite-izvinuvanje-09.jpg

Индиферетност кон трендовите за убавина

Жените уште се соочуваат со притисокот да изгледаат „убаво и средено“ и оние чиј главен фокус не е изгледот, неретко се соочуваат со критики. Истото важи и за тежината, која честопати зависи од многу фактори.

Па, кој кажа дека девојките што влегуваат во број 36 изгледаат убаво, а оние во 40 не, и обратно? Најважно е вие да бидете здрави и да се чувствувате удобно во својата кожа.

Штом вие се чувствувате убаво без да ги следите какви било трендови, нема потреба да им го објаснувате тоа на другите. 

10-apsolutno-normalni-raboti-za-koi-nitu-edna-zhena-ne-treba-da-se-grizhi-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg