Одбивање гости, најмување куќна помошничка - Работи за кои ниту една жена не треба да се грижи

Иако живееме во навидум модерно општество, многу луѓе уште имаат застарени гледишта и верувања. Штом некој не ги исполнува нивните очекувања, без разлика дали за изглед, животни одлуки и што било друго, веднаш го осудуваат, критикуваат, а бараат и објаснување за овие нешта.

10-apsolutno-normalni-raboti-za-koi-nitu-edna-zhena-ne-treba-da-se-grizhi-01.jpg

Важно е да знаете дека штом вашите одлуки не му штетат на никој, нема потреба да ги објаснувате, да чувствувате вина за нив или да се извинувате. Имате право да го живеете животот според ваши правила и штом вие сте среќни, слободно игнорирајте ги забелешките на другите.

Работи за кои жените не треба да се извинуваат:

Одење во скап салон за убавина

Ако можете да си дозволите да посетите скап салон за убавина, без разлика за каков третман, зошто да се чувствувате виновно за тоа?

Поради некоја причина, луѓето настојуваат да прашуваат колку сте платиле за некој третман и ако кажете повисока цена, обично реагираат како да сте направиле нешто многу лошо.

Ако вие се чувствувате убаво и сметате дека вреди да дадете повеќе пари за третман, не сте должни да се извинувате за тоа. Истото важи и ако не сакате салони за убавина и подобро ви е сами да си ги правите третманите.

kupuvanje-skapi-chevli-najmuvanje-kukjna-pomoshnichka-raboti-za-koi-nikomu-ne-dolzhite-izvinuvanje-03.jpg

Користење на телефонот додека сте излезени со вашето дете

Неретко луѓето им судат на мајките кога ќе видат дека го користат телефонот додека се излезени со нивното дете.

Но, и таа понекогаш треба да одговори на итен мејл од работа, можеби бара работа, закажува докторски третман, порачува мебел за домот и што уште не. 

Воопшто не сте лоша мајка само затоа што сте одвоиле неколку минути да го погледнете телефонот и не треба да се извинувате никому за тоа сè додека не ги преминувате границите и не го запоставувате детето заради тоа.

kupuvanje-skapi-chevli-najmuvanje-kukjna-pomoshnichka-raboti-za-koi-nikomu-ne-dolzhite-izvinuvanje-02.jpg

Бранење на вашите права и достоинство

Ако се чувствувате обесправено или понижено во некоја ситуација, нормално дека ќе се одбраните. Продолжете цврсто да ги браните своите ставови и да ги барате своите права.

Барајте фер однос од шефот, добра услуга од продавачката, културен однос од келнерот. Имате комплетно право на тоа, па дури и да ве сметаат за конфликтна личност, продолжете така.

Кога некој ве третира лошо и не ве цени, бев двоумење одбранете се или оддалечете се од таа личност. Притоа, не чувствувајте вина, ниту потреба да се извините.

kupuvanje-skapi-chevli-najmuvanje-kukjna-pomoshnichka-raboti-za-koi-nikomu-ne-dolzhite-izvinuvanje-04.jpg

Давање повеќе пари за квалитетни обувки

Слично како поскапите третмани за убавина, не треба да објаснувате никому зошто сте си купиле скапи чевли.

Работите напорно, заработувате сами и понекогаш сакате да се почестите со убав пар чизми или квалитетен капут. Дефинитивно го заслужувате тоа, без да објаснувате никому зошто сте потрошиле толку.

kupuvanje-skapi-chevli-najmuvanje-kukjna-pomoshnichka-raboti-za-koi-nikomu-ne-dolzhite-izvinuvanje-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg