Животот во најсеверниот град во светот: 3 месеци е ноќ, има мечки, а да прошеташ куче е како експедиција (видео)

Една девојка која живе во Лонгјир, најсеверниот град во светот, споделува како изгледа шетањето куче во зима - период кога во градот владее поларната ноќ, и тоа речиси три месеци.

shetanjeto-kuche-e-cela-ekspedicija-vo-longjir-najseverniot-grad-vo-svetot-video-01.jpg

Лонгјир е најголемиот град во Свалбард – норвешка прекуморска територија, и е сместен на остров во архипелагот Свалбард.

Лонгјир е најсеверниот град во светот и од ноември, па сè до крајот на јануари овде има поларна ноќ, односно речиси три месеци жителите живеат во целосен мрак.

Овој период просечната температура е -14 степени Целзиусови, па само замислете каков предизвик е да го прошетате кучето во вакви услови.

Една девојка која живее во Лонгјир решила да му го покаже тоа на светот, па за таа цел објавила видео на TikTok.

Сесилија Бломдал живеела во Шведска, но се преселила во Лонгјир пред пет години, а на социјалните мрежи споделува детали од животот на вакво необично место.

Најпрво таа планирала да остане само неколку месеци, но толку многу се вљубила во градот, што решила да остане многу подолго.

Во видеото на TikTok, кое веќе има над милион лајкови, таа прво покажува каква опрема ѝ е потребна за секое излегување од дома, вклучувајќи го и шетањето на нејзините кучиња.

@sejsejlija

Svalbard lifeee #meanwhileinthenordics #northernnorway #tiktoknorge #tiktoknorway #fyp #foryou #viral #dogsoftiktok #norway #norge #svalbard

♬ original sound - Cecilia Blomdahl

Најпрво, Сесилија облекува термо хеланки и блуза, потоа дебели панталони и дебела јакна. На крај, девојката објаснува дека со секое излегување од дома мора да носи и пушка, бидејќи во областа има многу поларни мечки.

Бидејќи надвор е целосен мрак, нејзините кучиња носат ремче и елек што светат, за да може да ги гледа каде се. Сесилија нагласува дека го снимала видеото во 4 часот попладне.

Во видеото девојката споделува и дека живее околу 15-тина минути надвор од Лонгјир, во куќа во која нема вода, но „има струја и е многу удобна“, а до градот оди со автомобил.

Иако Лонгјир е најсеверниот град во светот, постојат многу постудени места од него - прочитајте и Периодов е -50°C: Животот во декември во Ојмјакон, најстуденото место на светот (фото+видео)

На следната страница фотки на Сесилија од животот во Лонгјир...



Би можело да ве интересира:

Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg