Водел борба со акните, со другарите трчале по автомобили: Фотки од детството на Кристијано Роналдо
Денес е еден од најдобрите спортисти на светот. Кристијано Роналдо, или момчето со крупни очи како маслинка од Мадеира бил детенце кое уживало да ги поминува детските денови на улиците на островот, а омилена игра му било да бркаат автомобили трчајќи со другарите.
Кога имал 14 години соиграчите во Спортинг Лисабон го нарекувале „И-ти“ или детето вонземјанин. Уште тогаш бил фантастичен во играта со двете нозе. Посветено работел и останувал да вежба долго после тренинзите.
Во тинејџерските години, како речиси секое момче, мака мачел со акните.
Носел и фиксна протеза за исправување и подобрување на забите.
Години подоцна, Роналдо важи за еден од најдобро облечените и средени мажи – секогаш дотеран, со совршено бели заби и средена фризура.
Повеќе фотки од неговите детски и тинејџерски години погледнете во галеријата:
Е. П. | Црнобело