Бајковита љубовна приказна во Венеција – 50-годишна водителка од Англија се вљубила во 23-годишен гондолиер (фото)
50-годишна водителка од Англија се вљубила во 23-годишен гондолиер за време на одморот во Венеција, а сега отишла да го види уште еднаш.
Мелани Сајкс е водителка од Англија која неодамна ја разгори љубопитноста на јавноста со нејзиното многу помладо момче.
Во октомври годинава, 50-годишната водителка била на одмор во Венеција, кога го запознала 23-годишниот Рикардо. Рикардо е гондолиер, па тие се запознале додека тој управувал со гондолата што ја најмила водителката. Најпрво Мел споделила фотографија од нејзиното возење во гондолата, но набрзо потоа била забележана како пие кафе со младиот Рикардо. Следното утро, пак, тие отишле и на појадок.
Наводно, младиот Рикардо, кој уште живее со неговите родители, бил со Мел шест дена, односно до крајот на нејзиниот одмор, а папараците ги „уловиле“ и додека сподеулваат бакнеж.
Кога го прашале Рикардо дали преферира Англичанки, тој дал многу добар одговор:
„Секоја личност е различна и не е важно од каде потекнува. Зарем не?“
Кога, го прашале дали планира повторно да ја види Мел, тој не кажал ништо.
Бидејќи Мел е позната личност во Англија, многумина се заинтересирале за љубовната авантура во Венеција, но водителката нагласи дека воопшто не ѝ е грижа кој што видел и што помислил.
Можеби ни двајцата не планирале повторно да се сретнат, но сега, околу еден месец подоцна, Мел повторно отишла во Венеција за да го види 27 години помладиот дечко.
Таа повторно ја најмила неговата гондола и на крај споделиле и бакнеж. А, од фотографиите и самите ќе забележите дека и двајцата изгледаат навистина среќно.
Спирова С. | Црнобело / Фото извор: @Cobra Team/BACKGRID