Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Моја“ тврдоглава господарка – Значењето на името Миа

Историчарите сè уште расправаат за потеклото на името Миа. Едната теорија е дека името потекнува од Шведска и буквално се толкува како „тврдоглаво“.

Znacenjeto-na-imeto-Mia-01.jpg

Другата теорија е дека Миа е име со латинско, односно шпанско/италијанско потекло, а во преводот означува „моја“.

Уште една теорија го поврзува како кратенка од името Марија, што означува голема, господарка. Според еврејското потекло значи горчина, бунтовништво.

Факт е дека станува збор за исклучително популарно име во светски рамки, кое последниве десетина години честопати се среќава и кај нас поради тоа што е кусо, а сепак убаво име.

Миа е име кое симболизира девојка, односно жена со прилично сложен карактер. Таа е олицетворение на две спротивставени страни. Од една страна, Миа може да биде љубезна и приврзана, но од другата – тврдоглава и сурова.

Позитивните квалитети кај Миа се: оптимизам, добрина, упорност, внимателност, искреност и практичност. Ова секако не се сите позитивни квалитети кои го отсликуваат карактерот на оваа кревка и софистицирана девојка.

Оние кои го носат името Миа се доста експресивни и имаат карактеристични и по малку необични црти на лицето. Привлекуваат емоции на восхит и радост од страна на блиските луѓе, но и оние коишто ги запознаваат за првпат.

Дали и вие имате Миа во животот? Означете ја во коментар и потсетете ја колку многу ја сакате.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Женско име за кое нема прекар, а девојчињата кои го добиваат ги следи среќа цел живот Ако сакате вашето дете да има име за кое нема да може да се смислуваат скратени ...
Девојката што „умира од досада“, девојчето со злобен поглед: Која е приказната зад најпознатите меми... Колку пати сте го виделе (и споделиле) мемето од момчето што ѝ раскажува нешто н...
Маки со косата што им се познати на сите жени, низ илустрации Чистењето на одводот по туширање е неизбежно за жените со долга коса, а оние со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg