Совети за успех од Хајди Клум
Една од најубавите жени на светот, а воедно и успешен модел на познатиот бренд Викторијас Сикрет – Хајди Клум. Кои се нејзините совети за успех:
1. Морате да имате цел. Некои луѓе се уште немаат сфатено што сакаат да работат, а тоа е нивниот основен проблем. Прво што треба да направите е да ја поставите својата цел.
2. Морате да учите за тоа. Во мојата работа тоа би било да ги знаете фотографите, стилистите и сите достапни информации за нив. Морате да ја знаете и целта на вашата работа.
3. Работете на самодовербата. Морате на сите работи да гледате позитивно. Ако сте исплашени – не го покажувајте тоа. Можеби е слатко кога некои луѓе велат дека се малку нервозни, но тоа не е воопшто слатко кога сте на бизнис состанок.
4. Секогаш учете нови нешта. Не е добро ако мислите дека знаете се. Можеби некои луѓе успеваат затоа што познаваат некој влијателен, меѓутоа знам и многу луѓе кои успеале исклучиво и благодарејќи на својот талент и упорност.