Како да познаете личности кои глумат дека се работливи, а всушност се многу мрзеливи?

Луѓето кои се преправаат дека се вредни, често го користат перфекционизмот како покритие за нивната мрзеливост. Тие тврдат дека не започнуваат или завршуваат некоја задача затоа што сакаат таа да биде совршено сработена. Но, во реалноста само ја одложуваат работата.

po-shto-se-karakteriziraat-lichnostite-koi-glumat-deka-se-rabotlivi-a-vsushnost-se-mngou-mrzelivi-01.jpg

Многу често оние кои се трудат да остават впечаток дека се вредни, всушност, се многу мрзеливи.

Тие се приправаат и сакаат да ги убедат оние околу нив дека се посветени, притоа прикривајќи ја својата мрзелива природа.

Оние пак кои се навистина вредни, немаат потреба од постојано докажување и „маскирање“ на работите.

Не е секогаш лесно да се каже кој е вистински вреден, а кој се преправа, но постојат неколку знаци кои ги издаваат оние вторите.

Карактеристики на личностите кои глумат дека се вредни, а сепак се многу мрзеливи:

Многу зборови и геестови, малку дејствување

Оние кои само се преправаат дека се вредни, всушност, сакаат да прават големи планови, да креираат сложени распореди и честопати се најгласни на состаноците.

Сите тие напори се за да создадат слика на посветеност.

Но, кога станува збор за вистинско завршување на работите, тие честопати не успеваат да остварат ништо, а големите планови остануваат само тоа – планови.

Ретко ги почитуваат роковите, а ветувањата дадени на состаноците речиси никогаш не се исполнуваат.

Често ги делегираат задачите

Оние кои се преправаат дека се вредни, имаат чудна вештина за делегирање на задачите. Ваквите личности први одат во канцеларијата, а последни заминуваат.

Секогаш изгледаат зафатени, што на прв поглед може да помислите дека работат напорно.

Но, токму овие личности ги делегираат задачите на другите во тимот, сакајќи да го намалат својот обем на работа, а на крај излегува дека тие и не завршиле ништо.

po-shto-se-karakteriziraat-lichnostite-koi-glumat-deka-se-rabotlivi-a-vsushnost-se-mngou-mrzelivi-02.jpg

Премногу ги нагласуваат малите задачи

Луѓето кои само се преправаат дека се вредни, се фокусираат на многу мали и не толку важни задачи, при што прават да изгледаат итни.

Тоа дава илузија на продуктивност и зафатеност, а во суштина тие трошат преголемо време на некои и не толку важни и итни задачи.

Се правдаат со перфекционизам

Луѓето кои се преправаат дека се вредни, често го користат перфекционизмот како покритие за нивната мрзеливост.

Тие тврдат дека не започнуваат или завршуваат некоја задача затоа што сакаат таа да биде совршено сработена. Но, во реалноста само ја одложуваат работата.

po-shto-se-karakteriziraat-lichnostite-koi-glumat-deka-se-rabotlivi-a-vsushnost-se-mngou-mrzelivi-03.jpg

Недостаток на личен раст

Оние кои се преправаат дека се вредни, честопати стагнираат во својот личен развој.

И покрај тоа што навидум се зафатени цело време, тие не покажуваат знаци на учење нови вештини или подобрување на постоечките.

Тоа е затоа што вистинското самоподобрување бара труд, време и посветеност, работи кои ги избегнуваат оние кои се мрзеливи.

Избегнување предизвици

Луѓето кои се преправаат дека се вредни, честопати бегаат од предизвиците и имаат тенденција да се држат само до она што го знаат, избегнувајќи задачи што може да го прикажат нивниот недостаток на знаење и вештини.

Наместо да почнат да учат од искуството, тие претпочитаат да останат во својата комфорна зона, правејќи ги истите задачи повторно и повторно.

po-shto-se-karakteriziraat-lichnostite-koi-glumat-deka-se-rabotlivi-a-vsushnost-se-mngou-mrzelivi-04.jpg

Често се жалат дека се преоптоварени

Нормално е одвреме-навреме да се чувствувате преоптоварени од работа. Но, ова е навика кај луѓето кои се преправаат дека се вредни.

Тие често велат колку се зафатени, нагласувајќи го обемот на работата, а не нивните резултати. Со ова тие сакаат да создадат илузија дека работат напорно, но и да им служи како изговор зошто не напреднале и зошто пропуштиле некои рокови.

Недостаток на страст

Оние кои во суштина се мрзеливи, често имаат недостиг на страст. Можеби изгледаат зафатени, но во нивната работа нема ентузијазам или радост.

Нивните постапки се водени од потребата да изгледаат зафатени, а не од вистинскиот интерес за работата.

po-shto-se-karakteriziraat-lichnostite-koi-glumat-deka-se-rabotlivi-a-vsushnost-se-mngou-mrzelivi-05.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Како изгледаат продуктите што ги користиме секојдневно пред да се најдат во продавница? Сте виделе ли како изгледаат пластичните шишиња пред да бидат надувани? Сте в...
16 интересни работи кои природата нема да ви ги покаже, но ќе ги видите на рендгенска снимка (фото) „Имам 33 години и сега дознав дека имам 2 млечни заба“ - што сè можете да видите...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
4 негативни особини кои луѓето всушност ги сакаат кај вас Вашата трапавост за некого е симпатична - кои други особини кои генерално се сме...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 идеи за подароци за Secret Santa до 500 денари, што навистина се корисни Преносни звучници, боенка за возрасни, тоалетна чантичка за патување... Што може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg