Миленички на Господ од самото раѓање – Значењето на имињата Наталија и Наташа

Симболиката на името Наталија е навистина прекрасна и означува раѓање, роденден, благословена. 

Znacenjeto-na-Natalija-i-Natasha-01.jpg

Наталија, како и најпознатата варијација на името – Наташа се имиња кои најчесто го добивале девојчињата родени околу Божиќ, токму поради својата симболика.

Значењето на името доаѓа од латинското Natale Domini – „Рождество Господово“, или „онаа која е родена да биде среќна и радосна“, „миленичка на Господ од самото свое раѓање“, „предодредена за големи успеси во животот“, среќничка, невина, чиста, мила, безгрешна.

Според нумерологијата, жените кои го носат името Наталија се самостојни и борци, сакаат да се свои и независни. Тврдоглави се и упорни. Најчесто се во центарот на внимание и уживаат во тоа, успешни се како во кариерата, така и во приватниот живот.

Слават именден на Света Наталија кој се празнува на 26 август (по стар стил), т.е. 8 септември (по нов стил).

Означете ја вашата омилена Наталија или пак Наташа, посакувајќи им убав ден.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Пораки за Божиќ со кои може да им го честитате празникот на блиските Ако барате божиќни честитки и пораки, со кои ќе им го честитате големиот празник...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Првиот Божиќ без баба и уште 9 емотивни празнични реклами на брендовите за 2024/25 Пребродување на првиот Божиќ без баба, Дејвид Бекам го претвори тажниот Снешко в...
Предлог имиња за бебиња кои родителите долго чекале да ги добијат Имиња кои во себе носат значење божји дар, имиња кои означуваат победа или радос...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg