Жена херој: Прави перика од косата што ѝ паѓа низ дома со цел да ја донира
Лиз е жена со навистина необично хоби - таа ги собира влакната што паѓаат од нејзината коса, и од нив прави перика.
Во јануари, Лиз Леле си го поставила прашањето што си го имаат поставено сите со долга коса: Колку коса ѝ паѓа секој ден?
На сите жени им паѓаат влакна од косата во текот на денот, за време на чешлање, бањање или спиење. Лиз фатила дека ова важи и за неа, но сепак сакала да открие колку коса ќе собере со текот на времето.
„Почнав да бројам, собирајќи влакна кои паѓаа сами, влакна од чешелот или влакна кои паѓаа додека ја миев косата“, вели таа.
@lizlele Day 19, 1000 hairs ##showerhairchallenge ##W2Step ##tiktokfashion ##CoolRanchDance ##travelbucketlist ##BestThingSince ##hair ##wig ##extensions ##wow ##fyp ##new
♬ original sound - nemanja ?
За само неколку месеци, Лиз собрала доволно коса колку еден прамен за надградба.
„Се обидов да направам прамен за надградба со машина за шиење, но не ми успеа. Па, пробав одново. Тогаш решив да научам како се прават перики, па да направам перика од влакната и да ја донирам“.
@lizlele Day 38: 3467 Hairs ##showerhairchallenge ##wig ##wigmaking ##haircollecting ##wigtutorial ##tutorial ##diy ##hair ##hairtransformation ##hairflip ##viral ##fyp
♬ North Memphis - Pharmacist
Во меѓувреме, таа го споделувала прогресот на TikTok и заинтересирала многу луѓе. Затоа, кога сфатила дека сепак нема да има доволно коса за перика, луѓето почнале да ѝ донираат.
„Сега имам околу 4.000 влакна од коса“, споделува Лиз.
@lizlele Day 25: 3057 Hairs ##showerhairchallenge ##hair ##wigmaking ##wig ##wigs ##lacewig ##fyp ##viral ##xyzbca ##hairtransformation ##haircut ##hairdonation ##hairflip
♬ What You Know Bout Love - Pop Smoke
На TikTok таа споделува и како ја третира косата што ја добива од следбениците, но им дава и совети што да прават и како да ја подготват косата ако сакаат да донираат.
@lizlele Another donation ##showerhairchallenge ##showerhairchallengetutorial ##hair ##wig ##wigmaking ##hairdonation ##GimmeSomeTruth ##hairtransformation ##fyp
♬ CRAFT - OFEKNIV
Засега целта на Лиз е да направи перика, да стапи во контакт со некоја болница и оттаму да му ја подари периката на некој што му треба. Сепак, и покрај помошта од следбениците, ова е макотрпен и долг процес за кој Лиз вели дека веројатно ќе ѝ треба цела година.
„Навистина е тешко. Понекогаш ме болат очите, грбот, дланките. Многу е потешко отколку што си замислував, но ги сакам резултатите“.
Лиз смета дека треба поголема транспарентност во бизнисот со перики:
„Мислам дека е добро пациентите да знаат од каде доаѓа нивната перика, а донаторите да знаат кај кого оди нивната коса“.
Спирова С. | Црнобело