71-годишен дедо од Англија стана Твитер сензација со неговата градина (фото)
Еден дедо од Англија стана ѕвезда на социјалните мрежи откако почна да споделува фотографии од зеленчуците што ги одгледувал за време на карантинот.
71-годишниот Џералд Стратфорд е голем љубител на градинарството, па дури и си го добил прекарот „Кралот на зеленчуците“. Благодарение на фотографиите од неговите плодови, Џералд стана сензација на Twitter и денес има над 150.000 следбеници.
Дедото првпат си го направил профилот во февруари минатата година, со цел да разменува мислења со други луѓе кои го сакаат градинарството. Но во мај годинава, откако сподели фотографија со компирите што ги набрал од градината, почнал да им го привлекува вниманието на твитерџиите. Кратко по објавувањето на фотографијата, тој веќе бил онлајн ѕвезда.
„Мојот телефон полуде и не бев сигурен што се случило. Тогаш му се јавив на зетот и тој ми кажа дека мојата фотографија станала вирална“, вели дедото.
My first early rocket very pleased pic.twitter.com/TbWHZAnkNw
— gerald stratford (@geraldstratfor3) May 17, 2020
Со текот на времето неговата популарност растела, па Џералд заклучил дека на луѓето им се допаѓаат неговите фотографии, па затоа и продолжил да објавува.
Покрај фотографиите, Џералд минува и еден час дневно во одговарање на прашања за градинарство, кои му ги поставуваат неговите следбеници.
Liz making piccalilli salting the veg putting in jars and I’m putting into store all veg out of the garden including the cauliflowers I showed last week cheers pic.twitter.com/23cPcYEU1o
-->— gerald stratford (@geraldstratfor3) July 19, 2020
„Мислам дека повеќето се млади луѓе, особено млади луѓе од Америка, на кои веројатно им се допаѓа старецот од Англија кој е среќен во својата градина“, цели Џералд. „Многумина почнаа да ме нарекуваат и кралот на зеленчуците“.
Бидејќи неговата градина е огромна, Џералд и неговото семејство не можат да изедат сè, па неретко донираат зеленчук во локалниот дом за стари лица. Честопати, Џералд им ги подарува зеленчуците и на неговите пријатели.
Just donating some carrots and parsnips to the local St. John’s care home cheers pic.twitter.com/hPLNVwEaMW
— gerald stratford (@geraldstratfor3) August 30, 2020
„Не се мешам во политика, религија или што било. Си ја гледам градината, а сопругата ме поддржува. Таа ги готви зеленчуците што ги одгледувам, а заедно правиме туршија и џемови. Јас сум среќен. Моментално живееме во тажен свет и ако можам да ги усреќам луѓето со овој Twitter проект, тогаш ќе го направам тоа“, вели Џералд.