15 потези со кои може да влијаете повеќе да им се допаѓате на луѓето

Читањето на говорот на телото е моќна алатка во секојдневието, но знаењето кога како да го поставите телото е уште помоќна.

15-potezi-so-koi-moze-da-vlijaete-povekje-da-im-se-dopagjate-na-lugjeto-001.jpg

Кога да се насмевнете, кога да стоите исправено, а кога опуштено?

Ова се 15 едноставни потези со кои може да влијаете за повеќе да им се допаднете на луѓето:

1. Додека седите, држете го ‘рбетот исправено.

2. Додека стоите, нозете раширете ги во линија со колковите и создадете баланс.

3. Копирајте одредени движења на соговорниот одвреме-навреме за да види дека внимателно го следите. Не претерувајте.

4. Не си ги гледајте, чепкајте или грицкајте ноктите додека зборувате.

5. Насмевнете се штом влезете во просторијата.

6. Одржете контакт со очите додека се поздравувате.

7. Насмевнете се кога се запознавате со нова личност.

8. Не се потпирајте на ѕид, столче или биро додека разговарате.

9. Дури и неутралната експресија нека ви биде со блага насмевка.

10. Свртете го целото тело кон соговорникот.

11. Третирајте ги сите како пријатели уште од првото запознавање.

12. Климнете со главата на неколку секунди, доколку разговорот е подолг.

13. Бидете љубопитни со новите познаници. Повеќе прашувајте, помалку зборувајте.

14. Искористете го благиот стисок на дланката кога сакате да оставите впечаток дека може да се потпрат на вас.

15. Не ги држете рацете прекрстени пред градите.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg