Majка и син имаат магични сино-кафеави очи, поради ретко нарушување
Запознајте ги Елизабет и малиот Лиам... Нивните очи се уникатни и имаат посебна магија.
Елизабет Тајлер (35) од Охајо и нејзиниот 1-годишен син Лиам Мексус го имаат реткото нарушување хетерохромија иридиум, што значи дека во едно око имаат две различни бои.
Во нивниот случај очите се сино-кафеави и изгледаат магично.
Елизабет има сина и кафеава боја во двете очи, а Лиам има едно сино око и едно мешавина од сина и кафеава боја.
Во семејството на Елизабет имало и други членови со вакво нарушување, но кај неа од 5 деца, само Лиам го наследил.
„Ги сакам моите очите затоа што се уникатни. Во ред е да се биде поинаков“, вели Елизабет.
Кога била мала децата ја исмејувале, но сега редовно добива комплименти за необичната убавина на нејзините очи.
Фотки од Елизабет и Лиам: