Позитива на денот: Како малите Јапонци учат на кого да отстапат место во јавен превоз? (видео)
Најслаткото нешто што ќе го видите денес – мали Јапончиња прават симулација на јавен превоз во училиште и учат на кого да дадат предност. Секоја чест!
Јапонците отсекогаш биле културен и дисциплиниран народ, но очигледно за таа цел голема улога има образованието од најмали нозе.
На училиште не е доволно да се учат само предметите, туку и да се воспитуваат децата. Како што многумина велат, учителите се втори родители на децата.
Па така, на социјалните мрежи вирално се шири видео од мали Јапонци кои глумат патници во јавен превоз, а помеѓу нив има и улоги на постари изнемоштени лица и трудници, па децата се должни правилно да го отстапат местото на тие што треба.
Видео кое ќе ви ја стопли душата:
?s=19&fbclid=IwAR0rMocN41MDKP6CD-19LJspiwdyNhK8Huk2kGiKCVCl1aqCZV6DJJc2JT0
Прочитајте и 15 докази дека Јапонија е светлосни години пред нас
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





