Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Брачни тајни кои не е најпаметно да ги споделувате со другарките

Прекрасно е да имате пријателки и другарки со кои може да ја споделите секоја тајна или секоја мисла, но постојат некои работи кои не треба да излезат надвор од брачниот живот.

bracni-tajni-koi-ne-e-najpametno-da-gi-spodeluvate-so-drugarkite-001.jpg

Кои брачни тајни е подобро да ги премолчите при следното дружење со другарките?

1. Сметате дека вашиот сопруг (повторно) ве излудува

Сосема е во ред понекогаш да се пошегувате на сметка на тоа дека сопругот ќе ве излуди, но треба да знаете кога да се сопрете. Избегнувајте да го нарекувате со какви било „имиња“ кога сте во афект и не брзајте за секоја ситница да се жалите со часови.

2. Колку заработувате вие и вашиот сопруг

Веќе е доволно што паровите понекогаш знаат да споредат кој има поскап автомобил, стан или кој бил на поегзотичен одмор, па информацијата за тоа колку заработувате како пар, нема потреба да биде јавна.

3. Кои пријателки вашиот сопруг не ги сака

Не си дозволувајте брачниот живот да ве одвои од пријателките. Но, ако на вашиот сопруг не му се допаѓа некоја ваша блиска другарка, исто така не смее тоа гласно да го кажете. За тие „несимпатии“ не мора да знае никој освен вие двајца.

4. Детали од вашиот сексуален живот

Фетишите, големината и слични интимни детали, обидете да си ги зачувате за себе. На никој не му вршат работа овие информации, туку само ќе поттикнат непријатност следен пат кога ќе решите да ги споите другарките во друштво на вашиот сопруг.

5. Колкави ви се долговите

Тука важи истото како и со висината на платата. Никој не сака некој да знае каде и колку должи, па нема потреба оваа информација да ја изнесувате надвор од бракот.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg