Светот од нова перспектива – најдобрите фотографии направени со дрон за 2020-та

Благодарение на дроновите, фотографите имаат можност да ја покажат нивната креативност како никогаш досега и да ни го прикажат светот од сосем нова перспектива.

svetot-od-nova-perspektiva-najdobrite-fotografii-napraveni-so-dron-za-ovaa-godina-01.jpg

Дури и местата што ги гледаме секојдневно изгледаат како од друг свет кога се фотографирани од птичја перспектива.

Натпреварот Drone Photo Awards, пак, им дава можност на фотографите да покажат како тие го гледаат светот со помош на нивните дронови.

Неодамна беа објавени победниците од овогодишниот натпревар, а кога ќе ги погледнете фотографиите на учесниците, и самите ќе сфатите дека жирито имало навистина тешка работа.

Главната награда му припадна на австралискиот фотограф Џим Пикот, за делото Love Heart of Nature. На фотографијата се гледа ајкула среде јато риби, кое има форма на срце.

svetot-od-nova-perspektiva-najdobrite-fotografii-napraveni-so-dron-za-ovaa-godina-02.jpg

Фотографите се натпреваруваа во неколку категории, вклучувајќи ја и Life Under Covid-19 (животот со ковид-19), а делата на победниците од секоја категорија ќе бидат изложени во еден од најстарите научни музеи во Италија – Siena’s Accademia dei Fisiocritici.

Целата листа на победнички фотографии и имињата на фотографите можете да ги најдете ОВДЕ.

Во продолжение, пак, погледнете дел од најдобрите:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
10 фотографии кои ќе ги излудат перфекционистите Погрешно ставена плочка среде идеален мозаик, жардињера со цвеќиња ставена настр...
9 празнични ситуации што се повторуваат секоја година, низ илустрации Луѓето пред празниците се делат на два дела - оние што им се радуваат уште од по...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg