Неколку потсетници за оние кои се чувствуваат поразено годинава поради короната

Веројатно кон крајот на минатата година сте си поставиле многу цели за 2020-та, но како на сите, поради пандемијата, повеќето планови ви пропаднале во вода.

nekolku-potsetnici-za-onie-koi-se-chuvstvuvaat-porazeno-ovaa-godina-01.jpg

Се надевавме дека целиот хаос ќе заврши за два-три месеци, но сега ни станува јасно дека ова ќе потрае, можеби и до следната година.

А, кога сте присилени целиот живот да го ставите на пауза, нормално е да се чувствувате поразено. Нормално е и да бидете исплашени и да се чувствувате безнадежно.

Кога, пак, ќе се почувствувате навистина лошо поради сè што се случува околу вас, потсетете се на следниве работи:

1. Живееме среде пандемија и речиси ништо нема смисла. Ако се чувствувате вака, верувајте дека не сте сами.

2. Сето ова е непозната ситуација за сите нас и сите се обидуваме да го дадеме најдоброто од себе. Не постои правилен начин да го надминете или преживеете ова.

3. Немојте да бидете премногу строги кон себе, бидејќи сигурно се трудите колку што можете. Истовремено, не заборавајте дека, сепак, не е крај на светот, дури и ако навистина ви изгледа така.

nekolku-potsetnici-za-onie-koi-se-chuvstvuvaat-porazeno-ovaa-godina-02.jpg

4. Ако денес сте успеале да станете од креветот, тоа е поен за вас. Не се откажувајте, не престанувајте да верувате во себе и не заборавајте колку сте силни.

5. Во ред е периодов да ви биде тешко и тоа не е знак за неуспех. Слободно побарајте помош ако ви треба, бидејќи тоа не ве прави слаба личност.

6. Дајте си момент само да вдишете длабоко. Не заборавајте дека поголемиот дел од нештата се надвор од ваша контрола, па не им дозволувајте да влијаат врз вас.

nekolku-potsetnici-za-onie-koi-se-chuvstvuvaat-porazeno-ovaa-godina-03.jpg

7. Нормално е да не знаете што ќе се случи следно и нормално е да бидете исплашени од непознатото. Можеби животот нема да стане полесен наскоро, но вие дефинитивно ќе станете посилни.

8. Обидете се да не размислувате толку за негативното и пробајте да се фокусирате на убавите нешта околу вас.

9. Не заборавајте дека вие сте силна личност – имате повеќе силни страни отколку слаби.

nekolku-potsetnici-za-onie-koi-se-chuvstvuvaat-porazeno-ovaa-godina-04.jpg

10. Не заборавајте дека вие сте добра личност, а кога можете, секогаш покажувајте ја вашата добрина.

11. Не заборавајте дека ова се само неколку лоши месеци, можеби и година, но не значи дека целиот ваш живот ќе биде вака.

12. Насочете ја вашата енергија кон нешто што ве прави среќни. Верувајте во доброто. Замислувајте си колку подобра ќе биде следната година.

13. Продолжете да се движите со крената глава и не заборавајте дека најдоброто допрва треба да дојде.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg