Најконтроверзната принцеза: Од модел со разголени фотки и келнерка до круна во Шведска
Принцезата Софија, војвотката од Värmland, е најконтроверзен член на шведското кралско семејство.
Додека конзервативните Британци жестоко се противеа на свадбата на принцот Хари со поранешна актерка, шведскиот принц Карл Филип, се ожени со некогашна риjалити ѕвезда и манекенка која неколкупати се сликала гола за машки списанија.
Принцезата Софија е омилена во Шведска. Таа волонтира, помага и навистина ужива во хуманитарната работа.
Мајка е на два сина, принцовите Александер и Габриел.
Очигледно, во Шведска не постојат стереотипи околу минатото на лидерите, а Софија Хелквист и тоа како имала бурна младост.
Принцезата е родена во 1984-година во Дандерид, Шведска.
На 20 години се фотографирала за списението Slitz, со змија околу себе.
Студирала во Њујорк, САД додека работела како келнерка за да се издржува.
Во 2009-та го запознава нејзиниот сегашен сопруг принцот Карл Филип во ноќен клуб. Двајцата велат дека било љубов на прв поглед.
Нивната веридба е објавена во 2014-та, а свадбата се случи во 2015-та година.
Е. П. | Црнобело