Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мудри, моќни и силни: Зошто мажите со голем нос се добар избор за љубовни партнери?

Има нешто неодоливо привлечно кај мажите со големи носеви кои одбиваат да потпаднат под трендовите на естетската хирургија. Големиот, несовршен нос тие решиле да го претворат во свој силен атрибут, наместо комплекс. А, некои истражувања потврдуваат дека навистина е добро да се има голем нос.

Golem-nos-golema-gordost-01.jpg

Мажите со големи носеви честопати го поврзуваме со самоувереност, духовитост, харизматичност, полни со елан за животот.

Носот, како централниот дел на лицето, веднаш ни паѓа „во очи“, па можеби затоа има големо влијание врз нашето мислење за одредена личност. 

Од античките, египетски свештеници до Европејците од 19 век, сите култури отсекогаш ја истакнувале важноста на носот.

Леонардо Да Винчи дури верувал дека носот го одредува карактерот на целото лице на неговите слики, па затоа е време да заборавиме на глупавите предрасуди и осуди.

Пронајдовме неколку причини зошто мажите со голем нос важат за едни од најдобрите партнери за живот, од кои дел се поткрепени и од науката:

Мудри и моќни

Што имаат заедничко Адриен Броди, Марлон Брандо, Бредли Купер, Хавиер Бардем?

Доколку може да им се верува на истражувањата и анкетите, мажите со голем нос секогаш делуваат поинтелигентно.

Исто така, во грчко и римско време, големиот и долг нос симболизирал сила и моќ, а интелигенцијата и моќта во пакет дефинитивно асоцираат на победник.

Среќа со парите

Според кинеската практика за „читање“ на лицето, мажот со голем нос има повеќе среќа со парите. А, мажите со голем нос можат да очекуваат и зголемување на богатството како што стареат. 

Подобро здравје

Колку и да звучи смешно, се верува дека партнерот со голем нос нема да ве зарази со настинка или грип.

Имено, излегува дека големиот нос подобро штити од бактерии, алергени и зарази.

Односно, луѓето со голем нос вдишуваат скоро 7% помалку загадувачи отколку оние со помал нос. Секако, не постои правило дека токму секогаш е така. 

Подобра физичка форма

Мажите со голем нос обично се во подобра форма отколку оние коишто имаат помал и „совршен“ нос. Големиот нос може да вдише повеќе кислород, што значи дека имаат потенцијал за поголема физичка активност која им е потребна за создавање повеќе мускулна маса.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Освежете си го знаењето пред одмор: Грк на Инстаграм споделува едноставни грчки фрази Од имињата на деновите на неделата, до начини како да викнете такси во Грција, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg