„Чудна историја“ - забавен Twitter профил за најнеобичните и најинтересните настани од нашето минато
Можеби на училиште сте ги мразеле часовите по историја, но овој Twitter профил сигурно ќе ве натера да ја засакате.
Покрај бројните битки и војни што им се досадни на повеќето луѓе, историјата е полна и со необични, па дури и смешни настани кои нема да ви се верува дека се случиле. Поради тоа, Ендру Рајдер си направил профил на Twitter кој го нарекол „Чудна историја“, на кој споделува токму вакви историски настани.
Ендру е доктор на науки кој работи за SpaceX и е сертифициран научник од MIT. Тој е и дизајнер за видеоигри, автор, но и огромен фан на историјата. Неговиот профил има над 145.000 следбеници и постои од 2011-та година.
Во продолжение можете да погледнете дел од неговите најпопуларни објави:
Кралицата се обидува да се воздржи од смеење додека минува покрај нејзиниот сопруг во униформа.
Во 2012-та, пар од Британија на шега ја поканил кралицата на нивната венчавка, и таа се појавила.
За време на Втората свеска војна, кучето Џулијана си добило медал, откако деактивирало бомба бидејќи уринирало на неа.
Во Втората светска војна, еден јапонски конзул спасил 6.000 Eвреи давајќи им јапонски визи – нешто што неговата влада не го дозволувала.
Паметен начин за покажување на изгледот на старите градби.
Скулптура во Берлин – „Политичарите разговараат за глобалното затоплување“.
Средновековни отпечатоци од шепа од мачка – околу 1100-та година.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





