7 делови од телото на кои сигурно заборавате да нанесете крем со заштитен фактор
Кога одите на плажа сигурно нанесувате зашиен крем на лицето, рацете, нозете и грбот. Ова се делови од телото на кои речиси сите сме имале изгореници од сонце, па никогаш не забораваме да ги заштитиме.
Но дали сте помислиле дека треба да нанесете крем и на усните или, пак, ушите?
Бидејќи е важно да го заштитиме секој дел од телото од штетните сончеви зраци, погледнете кои се местата што најверојатно ги заборавате, а не би требало:
Скалп
Можеби ви звучи чудно, но и вашиот скалп може да изгори – косата сепак не е доволна заштита. За да го заштитите скалпот најдобро е да носите шешир, марама и слично, но ако не сте во можност, нанесете заштитен крем.
Во овој случај најдобро е да набавите крем со распрскувач, и на секои два часа „прскајте“ од него на скалпот. Ова посебно важи за мажи кои немаат коса.
Уши
Кожата на ушите е навистина чувствителна, па тие лесно можат да настрадаат од сончевите зраци. Затоа, кога нанесувате заштитен крем на лицето, не ги заборавајте и ушите.
Усни
Можеби редовно се грижите за вашите усни, но дали ги заштитувате од сонце?
Усните се постојано изложени на сончева светлина, па мора да ги заштитите и нив. Најдобро е да купите балсам за усни со заштитен фактор не помал од 30, но можете да користите и крем.
Очни капаци
Според една анкета, луѓето најчесто забораваат да нанесат заштитен крем на очните капаци. Исто како усните, и овој дел од лицето постојано е изложен на светлина и добро би било да го заштитите.
Не заборавајте дека дури ни очилата за сонце не се доволна заштита ако не нанесете крем.
Врат
И вратот е дел од телото на кој луѓето често забораваат да нанесат заштитен крем. Кога сте на плажа, косата најверојатно ви е собрана, па вашиот врат не е воопшто заштитен.
Стапала
Веројатно мислите дека вашите стапала се безбедни, но и овде лесно можете да добиете изгореници.
Затоа, секојпат нанесете крем и на горниот дел на стапалата, вклучувајќи ги и прстите.
Дланки
Се верува дека кожата на дланките најмногу ја „издава“ нашата возраст, што значи дека нив треба да им обрнете повеќе внимание.
Кога ќе завршите со целото тело, не заборавајте да нанесете крем и на дланките.
Спирова С. | Црнобело