Новите ѕвезди на Nevergrin

novite-zvezdi-na-nevergrin-povekjeЗаврши регионалниот натпревар на Кокта -  „Невергрин“ во чиј склоп меѓународното жири (Александар Радивојевиќ, Елла Дворник и...

 

...Сергеј Трифуновиќ) одбра 6 талентирани млади луге кои ке настапат во новата телевизиска реклама на Кокта и веб серијалот Невергрин.

Димитар Цветковски од Неготино е една од новите ѕвезди на брендот „Кокта”. Ова талентирано момче по пат на регионалната аудиција организирана од креативниот тим на компанијата доби ексклузивна мозност да биде новото лице во телевизиската реклама и веб серијалот „Невергрин”.

- Кога првпат слушнав за аудицијата помислив дека тоа е нешто интересно кое вреди да се проба. Како помлад учествував во неколку театарски претстави на мојот татко, но оттогаш не сум глумел. Аудицијата ми изгледаше како вистинска прилика да се присетам на глумата - вели Димитар и додава дека неговото главно оружје за победа е креативната интерпретација на зададениот лик и комплетното соживување со него.

Ова 21- годишно момче го глумеше замислениот лик Кафка и со тоа ги воодушеви фејсбук корисниците и жирито и доби ретка прилика да го вкуси светот на шоу бизнисот, како и да стане регионална телевизиска ѕвезда.

- Кафка ме заинтригира уште од самиот почеток. Ми се допадна описот на неговиот карактер со кој можам да кажам дека се поистоветувам. Сакам да дебатирам, да изразувам свое мислење, едноставно се препознав себеси во него - додаде Цветковски.

Одзивот на регионалниот натпревар се покажа како повеќе од успешен. Младите луѓе желни за слава на веб страната cockta.eu пријавија повеке од 410 видеа, а на двете аудиции во Белград и Загреб учестуваа преку 400 пријавени. Компанијата на својот фејсбук профил привлече повеќе од 107 илјади пријатели од регионот, додека официјалната веб страна на „Кокта” ја посетија 108 илијади корисници.

- Тимот на „Дрога Колинска” е навистина задоволен од одзивот на младите луѓе од регионот. Драго ни е што го привлековме нивното внимание и активно што ги вклучивме во градењето на брендот „Кокта”. Нашата кампања се темели на нова енергија и свежина, а повратните информации кои досега ги добивме за кампањата само ни потврдија дека чекориме по вистинскиот пат - изјави Росана Турк, регионален бренд менаџер на „Дрога Колинска” по повод завршувањето на регионалниот наптревар.

Телевизиската реклама се очекува да се емитува во следните шест месеци, а во неа главни ликови ќе бидат шесте вампири - финалисти Алиса (Нена Ивановиќ), Алонсо (Ненад Никшиќ), Ројал (Никола Недиќ), Гринго (Иван Пасалиќ) и Кафка (Димитар Цветковски) кои ќе делуваат во замислениот град Невергрин.

novite-zvezdi-na-nevergrin-1

novite-zvezdi-na-nevergrin-2

novite-zvezdi-na-nevergrin-3

novite-zvezdi-na-nevergrin-4

Би можело да ве интересира:

8 фрази што ги користат луѓето кои се лицемерни кон вас, за да ве манипулираат „Не мисли толку многу“, „Заборави и опушти се“, „Не сакам да се фалам...“ Кои ре...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Го промени светот, но умрел сам, во сиромаштија – Тажниот живот на Никола Тесла Никола Тесла е научникот кој го модернизира светот, но и покрај достигнувањата, ...
13 интересни работи што можете да ги видите само во Дубаи Климатизирани автобуски станици, напуштени луксузни автомобили, полупразни стока...
5 сигурни знаци дека сте соочени со емоционална блокада Емоционалната блокада може да направи да се чувствувате „заглавено“, па одново и...
Чекор по чекор: Направете лампи од тикви за Halloween (без да се повредите) Користете притискачи за ѕид за да си ја олесните работата. Кога го правите дизај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg