Во рака или на рамо: Што кажува за вас начинот на кој ја носите чантата?
Дали чантата ја носите на подлактицата, на рамо стисната до телото или безгрижно префрлена преку рамо зад вас?
Чантата не е само моден додаток, таа многу говори за вас.
Кејтлин Хендрикс е експерт за говор на тело од Калифорнија и таа е уверена дека начинот на кој ја носите чантата говори многу за вас.
Ја носите во рака, без разлика на нејзината големина
Вие сте сериозни во врска со животот, особено со кариерата.
Ја носите на подлактицата
Сакате да ја нагласите својата женственост, а исто така и статусот и позицијата.
Ја притискате до телото
Вие сте практична личност и ја цените својата слобода на движење, тоа ви е поважно од изгледот.
Ја носите на рамо, без да се грижите за нејзината позиција
Главен фокус во животот ви е функционалноста, но понекогаш можете да бидете занесени.
Ја носите преку рамо, ставајќи ја напред
Вие сте срамежливи и скромни, имате некој штит кон светот.
Ја носите преку рамо, оставајќи ја назад
Вие сте самоуверени и не се грижите што мислат другите за вас.
Не носите чанта
Ретки се жените што не носат чанта, но тие се лидери, живеат за мигот и имаат други луѓе што ќе се погрижат за нивните работи.
С. С. | Црнобело