6 причини зошто не сме среќни во животот
Страдаме од тоа каква ни е рефлексијата на социјалните мрежи, односно според пополарноста на Фејсбук и Инстаграм се вреднуваме себеси.
Постојано трчаме кон среќата, си создаваме ограничувања трудејќи се да сочуваме некоја лажна сигурност, сами го кочиме својот раст и развој.
Постојно сме со некаков одбранбен штит и не го живееме животот со полн здив.
Каде грешиме? Каде и вие грешите?
- Веруваме дека среќата е ретка, а болката сеприсустна, односно многу поинтензивно ги доживуваме негативните емоции.
- Постојано сме во трка што да постигнеме нешто наредно и го занемаруваме тоа што веќе сме го достигнале.
- Се фокусираме на негативноста, односно комплиментот што ќе ни го дадат го забораваме за миг, а лошата критика ја помниме со денови и се чувствуваме лошо.
- Создаваме шема според која треба да бараме љубовен партнер кој мора да задоволува одредени критериуми.
- Страдаме од тоа каква ни е рефлексијата на социјалните мрежи, односно според пополарноста на Фејсбук и Инстаграм се вреднуваме себеси.
- Негативните искуства ни се ѕвезда водилка, односно ако еднаш се соочиме со негативна ситуација веруваме дека така ќе биде и во иднина и се плашиме од новите искуства.
С. С. | Црнобело