Постар пар позира во облеката која клиентите си ја заборавиле во нивната перална – зрачат со елеганција
Имаат над 80 години и се инспирација и доказ дека годините не се пречка за во животот да внесете забава и авантура – станаа хит на социјалните мрежи со кул фотосесија во туѓа облека.
83-годишниот Ван-Ји и неговата 84-годишна жена Шо-Ер од Тајван знаат како да си го направат интересно секојдневието, а на социјалните мрежи станаа вирален хит со нивната фотосесија.
Клиентите си ја заборавиле облеката која ја оставиле на перење во нивната перална, а тие го искористиле ова за да позираат во нивната облека и фотките да ги објават на нивниот Инстаграм профил.
Иако имаат над 80 години, тие на фотките изгледаат кул, а зрачат со префинетост и стил. Очигледно е дека имаат добар вкус за мода, со оглед на тоа што направиле оваа облека да изгледа одлично во нивните стилски комбинации.
Доказ дека колку и да стареете, секогаш може да останете млади во срцето и духот:
М. М. | Црнобело