Мажот влегува прв: бонтон во ресторан - правила во кои дамите немаат предност
Правилото дека „дамите секогаш имаат предност“ не важи во некои случаи, особено кога станува збор за бонтон во ресторан.
Мажот треба да влезе прв во ресторанот и да пронајде соодветна маса – секако, тој е оној кој треба да се погрижи околу резервацијата.
Дамите имаат предност при излегување од ресторанот, а мажот треба да и ја задржи вратата.
Мажот треба да седне на онаа страна од масата од каде што може да го види келнерот, да направи нарачка и да ја побара сметката.
Ако се решите да пиете вино, запомнете дека чашата се држи кај грлото – не треба да оставите отпечатоци од прсти по чашката ниту пак непотребно да го загревате виното.
Не заборавајте на основата – ножот во десната рака, виљушката во лева.
Кога ќе завршите со јадењето, приборот го оставате да стои паралелно во чинијата. Тоа е знак дека келнерот може да ја расчисти масата.
Прочитајте и: Бонтон на маса: Не се потпирајте со лакти на маса, има 2 начини за држење на виљушката
Е. П. | Црнобело