Бонтон на маса: Не се потпирајте со лакти на маса, има 2 начини за држење на виљушката

Недостатокот од манири на масата може навистина да влијае врз вашата репутација. Дури и ако не сте некоја важна личност, би требало да ги знаете овие основни правила за однесување на маса, особено ако сте на некој важен настан.

osnovni-pravila-za-odnesuvanje-na-masa-shto-sekoj-bi-trebalo-da-gi-znae-01.jpg

Погледнете ги правилата кои најчесто се заборавени, но треба да ги знаете:

Како се јаде правилно?

1. Избегнувајте да ги ставате лактите на масата. Додека седите на маса, обидете се дланките да ви бидат видливи.

2. Џвакањето со отворена уста е неучтиво, а понекогаш и одвратно. Доколку јадете и некој ви постави прашање, прво голтнете го залакот, а потоа одговорете.

3. Ако сте на приватна вечера, немојте да ставате сол или други зачини пред да го пробате оброкот. Во спротивно можете да го навредите домаќинот.

osnovni-pravila-za-odnesuvanje-na-masa-shto-sekoj-bi-trebalo-da-gi-znae-02.jpg

4. Во јавност не би требало да дувате на вашата храна или да ја исечете на мали парчиња. Ова се смета за детинесто однесување.

5. Можете да го кршите лебот со вашите раце. Путерот нанесувајте го на секој залак посебно, со нож.

6. На формална забава или вечера, луѓето обично не ги удираат чашите за да наздрават. Во овие ситуации само подигнете ја чашата до висина на вашите очи.

osnovni-pravila-za-odnesuvanje-na-masa-shto-sekoj-bi-trebalo-da-gi-znae-03.jpg

Како се користи шамивче?

7. Шамивчето одвиткајте го бавно, без да го тресете. Доколку станува збор за мало шамивче, одвиткајте го целосно. Ако е поголемо, оставете го здиплено на половина.

8. За време на оброкот, ставете го шамивчето во вашиот скут. Доколку треба привремено да ја напуштите масата, ставете го шамивчето на столот. Кога ќе заврши вечерата, ставете го шамивчето на левата страна од чинијата.

osnovni-pravila-za-odnesuvanje-na-masa-shto-sekoj-bi-trebalo-da-gi-znae-04.jpg

9. Немојте да го ставате шамивчето во јаката.

10. Немојте да ги бришете усните со шамивчето. Наместо тоа, исчистете ги со нежно тапкање. Немојте никогаш да го користите шамивчето за чистење на приборот или за вашиот нос.

Како се употребува прибор за јадење?

11. Постојат два најчести начини за држење виљушка – континентален и американски. Во првиот случај, виљушката е свртена кон долу, а показалецот е поставен врз неа. За вториот, држете ја виљушката како лажица.

osnovni-pravila-za-odnesuvanje-na-masa-shto-sekoj-bi-trebalo-da-gi-znae-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за на маса и во ресторан што треба да ги знаат сите Ако ве поканат на гости, не останувајте долго откако ќе завршите со јадење, а ак...
12 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Не поставувајте лични прашања и немојте да одите преку ред, дури и ако „само сак...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg