4 знаци дека наскоро ве очекува драстична промена во животот
Понекогаш кога мислите дека животот ви се распаѓа, промената е единственото нешто што може да ви помогне.
Иако промените не се секогаш добредојдени и понекогаш изгледаат премногу страшно, тие се единствениот начин да си ја подобрите ситуацијата.
Ако се чувствувате заглавено, следниве знаци покажуваат дека наскоро ве очекува драстична промена во животот:
Се чувствувате изгубено
Кога сте изгубени, немате никаква насока и никаква цел, па токму тогаш имате можност да сфатите што вистински сакате, ако вложите малку напор во тоа.
Можеби сметате дека немате никаква контрола, но сега знаете што е она што ве исполнува и што треба да правите за да си го пронајдете патот.
Она што не ви се допаѓа ви станало неподносливо
Работите што не ви се допаѓале и што досега трпеливо сте ги толерирале, постепено стануваат неподносливи. Повеќе не можете да се помирите со ништо и не сакате да ја трпите негативноста.
Ова значи дека наскоро ќе добиете и поттик да направите нешто во врска со овие работи.
Излегувате од вашата комфор зона
Ако сте забележале дека почнувате да излегувате од вашата комфор зона, дефинитивно ве очекуваат позитивни промени.
На некој начин, вие сте се преродиле и подготвени сте да се соочите со сите предизвици.
Истовремено се чувствувате изморено, возбудено и вознемирено
После долг лош период, почнувате да ја чувствувате промената, а поради неа нормално е да имате измешани емоции.
Веројатно сте возбудени за ова ново поглавје од вашиот живот, но истовремено сигурно се чувствувате и вознемирено, исплашено, изморено… Важно е да ги прифатите овие емоции и да сфатите дека тие се дел од вашата промена.
Спирова С. | Црнобело